Рубрика: Омнибус
Движење против инфлуенсери?!
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 02.08.2025 - 19:30

Со отфрлање на таканаречената хаул-култура (haul culture) – која поттикнува прекумерно купување и потреба новата облека да се покажува на сите – и промовирање на свесна потрошувачка, движењето на деинфлуенсери стекнува сè поголема популарност, а еве зошто.

Дијана Виб пребарувала по социјалните медиуми во 2019 година кога наишла на инфлуенсер кој рекламирал виткач за коса без топлина.

Тие беа флексибилни стапчиња со кои можевте да спиете, а ветувањето беше дека ќе се разбудите со прекрасни кадрици“, вели таа за Би-Би-Си.

Инфлуенсерите во своите објави и обраќања на социјалните медиуми честопати имаат скриени реклами од кои профитираат

Тоа бил еден од многуте производи што таа ги купила под влијание на рекламирањето на социјалната мрежа TikTok, но брзо сфатила дека тој производ не ѝ е потребен, како и неколку други, од типот на лосион за тело и пилинг за лице.

Искрено, виклерите навистина ми го нарушија сонот, и не можев да спијам ниту првата ноќ со нив“, вели таа.

Сега Виб, која живее во Охајо, и самата е инфлуенсерка, но е различна од многу други бидејќи се обидува да влијае врз своите следбеници да не купуваат работи што не им се потребни.

Во видеата што ги објавува секојдневно на TikTok, каде што има повеќе од 200 000 следбеници, таа поставува прашања како „дали го посакувавте тој производ пред да ви биде пласиран?“ и ги потсетува своите следбеници дека не е нормално да се оди на големо пазарување секоја недела или месец.

Културата „Haul“ е специфичен вид содржина на социјалните медиуми што потекнува од YouTube, која им покажува на следбениците работи што ги купиле, обично облека, во едно пазарување.

Виб е дел од новиот тренд во дигиталниот свет, деинфлуенсери, кои се против прекумерното пазарување и ги поттикнуваат следбениците да не купуваат одредени производи бидејќи се непотребни, прескапи и неефикасни.

Овој тренд е во пораст од 2023 година, а хаштагот #deinfluencing на TikTok собра над милијарда прегледи.

Користејќи хаштагови како underconsumption core" и „conscious consumer “, тие споделуваат пораки како „брзата мода нема да го изгради вашиот стил“ и „ниската потрошувачка е нормална потрошувачка“.

Виб верува дека во 2025 година, културата ќе се промени и дека ќе достигнеме „врв на моќта на инфлуенсерите“.

TikTok е стандардниот дом за инфлуенсерите, но со оглед на тоа што апликацијата се соочува со неизвесна иднина во Соединетите Американски Држави (САД), Виб верува дека е време за промена.

Не знам каква е иднината на TikTok, но видот на влијание што се врши на таа социјална мрежа не постои на другите апликации“, вели таа, истакнувајќи колку повеќе содржина за купена облека и за други производи се прикажува на TikTok отколку на други платформи како Instagram.

Дајана Виб (лево) и Кристина Микаски се членови на сè попопуларната заедница на деинфлуенсери

Виб смета дека оваа промена се должи на зголемената свест за тоа што всушност прават инфлуенсерите.

Кога почнав да гледам повеќе реклами на мојот TikTok, размислував за тоа колку веќе од нив сум купила во последните неколку години поради прегледите на инфлуенсерите“, вели таа.

Слично чувство дели и Кристина Микаски, која сега купува посвесно.

Нејзините објави на YouTube, TikTok и Instagram имаат за цел да им помогнат на другите да живеат исполнет живот „без да банкротираат“.

Микаски вели дека од прва рака знае колку моќни можат да бидат влијателните личности.

Во 2019 година, имав долг од околу 81 000 евра за отплата на студентски кредит, а сепак одев на шопинг секоја недела. Го допрев дното кога купив пар чизми што чинеа повеќе од мојата кирија, иако знаев дека не можам да си ги дозволам.

Креаторката на содржини од Торонто за BBC вели дека била заробена во циклусот „Инстаграм наспроти реалност“.

Имав идеја за тоа каков треба да биде мојот живот врз основа на мојата кариера и она што го правеа моите колеги.

Тоа е честа тема во подкастот на Микаски, каде што таа разговара со слушатели кои се борат со притисокот постојано да купуваат работи, како и со разочарувањето кога производите не ги исполнуваат очекувањата.

Луѓето повеќе не гледаат вредност во она што го купуваат, бидејќи производите едноставно не ги исполнуваат очекувањата. Се чини дека сè станува поскапо, со понизок квалитет и помалку задоволувачко.

Микаски не сака луѓето да ја направат истата грешка што ја направи таа – во почеток целосно да ги намалат трошоците и да живеат минималистички начин на живот, што ја направи несреќна.

Оттогаш, таа најде компромис – од време на време се почастува себеси, но пред да оди на шопинг, се потсетува себеси најнапред да „купи гардероба“.

Оттогаш до сега креаторката на содржини го отплатила својот студентски долг, а каков совет има за другите?

Престанете да го користите телефонот, бидејќи со постојано следење на содржината, поголема е веројатноста да подлегнете на скриени реклами“, вели таа.

Тешко е да се каже дали трендот на деинфлуенсери веќе влијае на брендовите.

Знаеме дека онлајн гигантите како Asos, Boohoo и Pretty Little Thing забележаа пад на побарувачката во последните години поради промената на навиките на потрошувачите.

Сепак, да не заборавиме дека многу сметки на социјалните медиуми сè уште се преплавени со инфлуенсери.

Клучни зборови:
Инфлуенсерите во своите обраќања на социјалните медиуми честопати имаат скриени реклами од кои профитираат

Инфлуенсерите во своите обраќања на социјалните медиуми честопати имаат скриени реклами од кои профитираат

Дајана Виб (лево) и Кристина Микаски се членови на сè попопуларната заедница на деинфлуенсери​​​​​​​

Дајана Виб (лево) и Кристина Микаски се членови на сè попопуларната заедница на деинфлуенсери