Кој вели дека кошаркарското игралиште мора нужно да биде направено од традиционален дрвен паркет? Или дека за играње фудбал ви треба убав зелен тревник, тазе искосен? Во ера каде технологијата од сите страни навлегува во нашите животи, се менува дури и спортот. Така, на пример, во Германија најиновативните терени за играње се направени од стакло и ЛЕД диоди – тие се претвораат во џиновски екран под нозете на спортистите и го прават спортскиот настан уште поспектакуларен.
ASB GlassFloor нуди целосно стаклен терен, опремен со LED диоди со висока резолуција интегрирани во површината кои го трансформираат просторот за играње во своевиден огромен паметен телефон под нозете на спортистите. Резултатот е спектакуларен спој на спорт, забава и проширена реалност, а веќе е тестиран на неколку кошаркарски настани на НБА и NCAA (американската колеџ-лига во кошарка) и на некои европски турнири.
Како функционира? Стаклото што го користи ASB секако не е прозорско стакло, туку екстремно цврст повеќеслоен материјал дизајниран да им одолее на ударите и интензивните оптоварувања – засилен е со алуминиумски конструкции што апсорбираат удари. Површината е обработена со ласерски гравури кои гарантираат “лепење” и безбедност, дури и во влажни услови. Површинскиот слој од керамички микроточки промовира контролирано лизгање, со цел да ги подобри перформансите на спортистите. Според досега направените тестови, споредено со класичниот паркет стаклената површина нуди поголема попрецизност во одговорот на движењето и поголема рамномерност при отскокнувањето на топката.
Но, не е само кошарката спорто што би можел да види аир од оваа нова технологија. Површината е прилагодлива и од визуелна гледна точка – секој дел од теренот може да биде осветлен со различни бои, линии и проекции, може да се дизајнираат различни полиња и теренот да се се прилагоди во рок од само неколку секунди за која и да е спортска дисциплина или потреба за забава. Пример за ова е неодамнешната Infinity League, настан организиран од Dazn во Минхен во кој поранешните фудбалски шампиони излегоа на ASB терен прилагоден за натпревари од пет лица, трансформирајќи го футсалот во извонредно искуство. Секое движење беше следено со вградени сензори, со графика што ја направи секоја акција уште поспектакуларна. Публиката, составена од навивачи и гејмери, следеше натпревар кој беше мешавина од спорт и вистинско шоу.
Каде води сево ова? Па, кон создавање на нов начин за доживување на спортските настани, со истакнување на секој детал и со анализа на играта во реално време. Покрај визуелното влијание, системот нуди и моќна платформа за собирање податоци, од која корист ќе имаат тренерите, радиодифузерите и спонзорите, во чии рамки секој играч станува еден вид аватар и секој поминува низ метрика што може да се анализира во сите нејзини аспекти.
Голема пречка за целосен премин на оваа нова технологија, барем засега, е цената. Имено, инсталирањето на ASB GlassFloor чини многу повеќе од традиционалниот паркет или синтетичката трева. Но, слично како што паметните телефони со првите iPhone-и донесоа брз развој и револуција, така и оваа технологија би можеле да стане подостапна со текот на времето. Големите колеџ арени и франшизите од НБА веќе инвестираат во овие објекти, привлечени од можноста за намалување на трошоците за одржување, промена на графиката на теренот во рок од неколку секунди и понудата за уникатно искуство на гледачите.
Компанијата предвидува дека за неколку години, музичките настани, телевизиските емисии и еСпорт настаните ќе го користат истиот систем, кој денес изгледа како футуристичка атракција, но веќе утре може да стане стандард за сите видови забава во затворен простор.