На 18 октомври 1954, во Далас Тексас, компанијата Тексас Инструментс ќе го претстави првиот транзисторски портабл радиоприемник наречен Риџенси ТР-1 (Regency TR-1), создаден во соработка со Корпорацијата IDEA. Радиото ќе се најде на продажните места токму пред празничната сезона истата година. Веќе следната, 1955 година свое џебно транзисторско радио ќе претстави и Сони. Со ова официјално започнува ерата на преносни електронски уреди.
Риџенси ТР-1 беше израбоген од геманиумски PNP-транзистори и имаше скромна снага во однос на портабл-приемниците со ламби (електронски цевки), што тогаш беа во употреба. Но, сепак, неговата појава донесе нова дефиниција на терминот “портабл електрониката”.
Предноста беше евидентна. Имено, тогаш постоечките портабл радиоприемници со ламби се напојуваа со електрична енергија од два одделни необновливи батериски извори, едниот за напојување на влакното за загревање на катодата, а другиот за т.н. “аноден напон”. Ова таквите портабл радиоприемници ги правеше гломазни.
За разлика од нив, транзисторскиот радиоприемник Tr-1, се напојуваше од само една џебна батерија од 9V. Така Tr-1 беше поттик за натамошен технолошки развој на полето на полуспроводничката електроника, што резултираше со масовен развој во комерцијалната продукција на транзистори и транзисторски уреди.
И ден денес, транзисторските радиоприемници останале во употреба како едно мошне популарно комуникациско средство.
Немаме податоци кога ваквите џебни транзистрски радиоприемници почнале да се продаваат кај нас, веројатно дошле некоја година подоцна по нивната светска промоција. Но ваквите радивца ни беа редовни придружници и во 1970-тите и 80-тите години. Чувате ли некое дома? Испратете ни слика од него на redakcija@emiter.com.mk или во порака на нашата фејсбук страница, со неколку податоци за него, а ние ќе ги објавиме тука како галерија на слики од вашите џебни ретро радивца!