Вселенското летало Старлајнер (Starliner) на Боинг, кое во моментов е закачено за Меѓународната вселенска станица, пред докингот забележа две истекувања од хелиум. И покрај ова, засега се смета дека ситуацијата е стабилна и не загрижува.
По некои мали технички проблеми што се појавија во последен момент, од синоќа (6 јуни) вселенското летало Старлајнер на Боинг е цврсто закотвено на Меѓународната вселенска станица. Со капсулата Кру Драгон (Crew Dragon) закотвена од спротивната страна на МВС, ова е прв случај за на станицата да се присутни две американски вселенски летала наменети за транспорт на екипаж. Меѓутоа, пред докингот, Старлајнер и патниците во него мораа да се справат со две мали истекувања на хелиум.
Boeing Starliner за време на тестирањето во 2022 година
Хелиумот под притисок не се користи директно како погонско гориво, туку за да помогне во туркање на горивото кон моторите на ракетата и капсулата. Мало истекување на хелиум беше детектиран и непосредно пред лансирањето на Старлајнер во средата, на 5 јуни, но беше дефинирано како прифатливо. Оттогаш до сега се покавија уште две и тоа во моментите кога вселенското летало се приближуваше кон МВС, непосредно пред астронаутите Буч Вилмор и Сунита Вилијамс, да го започнат нивниот период на спиење. Единствен ризик бил дека хелиумот ќе истече и повеќе нема да биде достапен за извршување на опишаните функции, па затоа, поради претпазливост, командата на Земјата им посочи на астронаутите да ги затворат двата вентила во кои биле присутни континуираните истекувања.
Астронаутите Суни Вилијамс и Буч Вилмор
Сега минимизираната загуба беше следена од Земјата додека астронаутите одмараа. Ситуацијата е дефинирана како стабилна и не предизвикува загриженост. Откако овој непредвиден проблем беше решија, проблеми со моторите на Старлајнер го одложија приклучувањето за МВС за еден дополнителен час. Вилмор и Вилијамс рачно го пилотираа вселенското летало до „паркинг” орбитата на 200 метри од Меѓународната вселенска станица, каде капсулата чекаше до надминување на проблемот. Откако моторите профункционираа како што треба, маневрот беше извршен автоматски. Доколку во нареднава недела не искрснат нови проблеми, двајцата астронаути треба да се вратат на Земјата со Старлајнер на 14-ти јуни.