Рубрика: Информатика
Авторка откри на Амазон книги генерирани со ВИ потпишани со нејзино име
Објавено на 09.08.2023 - 18:45

По пребарување на Amazon (Амазон) и Goodreads (Гудридс), авторката Џејн Фридман неодамна открила повеќе листи со измамнички книги потпишани со нејзиното име, најверојатно исполнети со ѓубре или содржина генерирана од вештачка интелигенција. И Амазон и Гудридс од прва не сакале да ги отстраната овие лажни наслови сѐ дури поплаките на авторката не станаа вирални на социјалните мрежи.

Во објавата на нејзиниот блог именувана со „Попрво би ги гледала моите книги пиратирани отколку ова (или: Зошто Гудридс и Амазон стануваат ѓубриштен пожар)“, објавен во понеделникот, Фридман во детали ја раскажува нејзината борба со фалсификуваните книги.

Авторката Џејн Фридман

Но, се чини дека ова не е изолиран случај, туку растечки проблем во светот каде измамниците ползуваат алгоритмот на Амазон брза заработка од лажни продажби. Во февруари, Ројтерс имаше напис за автори кои користат ChatGPT за пишување е-книги, а кои потоа ги продаат на Амазон. Во јуни, Vice извести за прилив на десетици книги генерирани од ВИ, исполнети со бесмислици кои се појавија на листите на Kindle како бестселери.

Фридман, која како новинар пишува за издавачката индустрија и е автор на 10 книги, е загрижена дека лажните книги генерирани од ВИ кои стојат потпишани со нејзиното име ќе влијаат врз нејзината репутација. „Разумна личност може да мисли дека јас контролирам кои книги се прикажуваат на мојот профил на Гудридс, или дека ги одобрувам, или во најмала рака дека би можела лесно да ги отстранам. Но, не е така.”

Имено, отстранувањето на овие лажни, квази-авторски книги воопшто не оди мазно. На платформата Гудридс, процесот бара авторите да контактираат со т.н. „библиотекари“-доброволци и да се придружат кон одредени групи каде треба да коментираат за да побараат отстранување на нелегитимните книги. Па, дури и по ова патешествие, нема гаранции дека подметнатите дела ќе бидат веднаш отстранети. Фридман известува дека Гудридс ги отстранил лажираните наслови од нејзиниот официјален авторски профил дури неколку часа откако за овој проблем бил објавен пост на нејзиниот блог.

Кога се обратила до Амазон за помош за отстранување на ваквите наслови од нејзиниот авторски профил, Амазон ѝ побара „број за регистрација на заштитената трговска марка “ во врска со нејзиното барање и, откако дознале дека нејзиното име не е заштитена трговска марка, го затвориле случајот без да ги отстранат книгите од продажба! Иако лажните наслови конечно биле отстранети и од Амазон откако приказната се расчу на големо, искуството на Фридман открива детали од сложениот процес што авторите мораат да го поминат за да го заштитат своето име и работа на интернет.

 

Дел од книгите кои се појавуваат под името на авторката Џејн Фридман на Гудридс а кои не се нејзино авторско дело

Фридман не е осмена во оваа борба. На социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), авторката Џејн Ворд пишува дека на Гудридс неодамна открила 29 наслови кои погрешно го наведуваат нејзиното име како автор. Една друга пистелка, Сара Роуз твитна: „Луѓето постојано ми кажуваат дека ја купиле мојата најнова книга – на која стои моето име, но јас не ја напишав – некој измамник го користи алгоритмот „најди повеќе од овој автор“. Мојот издавач не можеше да се справи со ова и јас некако се откажав“.

Бројните одговори на објавите на Фридман на оваа тема укажуваат дека имитирањето на автори од страна на измамници-продавачи преминало во вообичаена појава, како на Гудридс, така и на Амазон, создавајќи им главоболки на мноштво автори.

Во свет во кој генеративната вештачка интелигенција потенцијално може да ги преплави нашите канали за комуникација со шум – нискоквалитетно, автоматизирано креативно производство во неограничени количини – платформите за отворена продажба, каков што е Амазон, сè уште не изградиле стратегии за справување со проблемот. А за пополнување на лажните книги со содржина не е ни потребна генеративна вештачка интелигенција. На X, историчарот Дин Грозинс напиша: „Еднаш купив нешто за на Амазон стоеше дека е џебно издание на книгата “Пливање во езерцето на дожд” od Џорџ Сондерс. Излезе дека книгата сè уште нема џебно издание; содржината е неповрзана, симната од некоја интернет страница, за економска политика“.

Без оглед на тоа со што се полни лажните книги, поголем проблем е како платформите како Амазон и Гудридс, кои допираат до стотици милиони клиенти, планираат да ги заштитат и авторите и клиентите од измама и погрешно означување на делата.

Очајно ни треба заштита од оваа лавина од погрешно припишување на авторство и дезинформирање“, пишува Фридман на нејзиниот блог. „Амазон и Гудридс, ве молам, создадете механизам за потврда на авторството или за авторите лесно да ги блокираат лажните книги што им се припишуваат. Направете го тоа сега, направете го тоа брзо“.

Преземено од Ars Technica

Клучни зборови:
Дел од книгите кои се појавуваат под името на авторката Џејн Фридман на Гудридс а кои не се нејзино авторско дело

Дел од книгите кои се појавуваат под името на авторката Џејн Фридман на Гудридс а кои не се нејзино авторско дело

Авторката Џејн Фридман

Авторката Џејн Фридман