Се вели дека уметноста го имитира животот, но се чини дека сликарите во Данска од 19 век оваа поговорка вистински ја имале при срце. Таканареченото данско златно доба на сликарството, кое се протега во периодот од околу 1800 до 1850 година, се совпаѓа со ера кога оваа нацијата станува особено луда по пивото. Една нова студија објавена неделава во Science Advances укажува дека данските уметници користеле остатоци од житарки и од квасец во подготовката за подлога на платната за нивните ремек-дела.
Сликарите од времето на данското златно доба се познати по комбинирањето на реалистични сцени со мека, блескава светлина. За подготовка на празното платно, уметниците вообичаено нанесуваат основа – пример којшто во чијшто состав влегуваат супстанции што им помагаат на пигментите од боите да се залепат на ткаената од платното. Денес, сликарите за оваа намена најчесто користат акрилен полимер познат како гесо, но пред 200 години уметниците за оваа намена користеле повеќе разновидни супстанции.
Во времето кога ценетите сликари како Кристофер Вилхелм Екерсберг, познат како „татко на данското сликарство“, и неговиот штитеник, Кристен Шилеруп Кобке, ги создавале своите ремек-дела, во Данска наголемо цветал бизнисот на производство на пиво. Имено, данците во овој период правеле и пиеле огромни количини пиво, бидејќи водата од локалните реки и бунари мошне често била небезбедна за пиење. Ова значело многу преостанати нуспроизводи од производството на пиво. Историските текстови веќе навестуваа дека данските сликари можеби ги користеле овие нуспроизводи за да подготовка на подлогата за нивните платна.
Десетте уметнички дела коишто хемичарите ги анализирале во студијата
За да ја проверат оваа информација, истражувачите го анализирале хемискиот состав на 10 слики од Екерсберг и Кобке, тука вклучувајќи го и делото “Поглед од мансардата на продавницата за жито кај пекарницата во Цитаделата во Копенхаген”, прикажано подолу. Работејќи со ситните парчиња боја со пречник приближно еднаков на врво од молив, кои првично биле собрани во текот на 1960-тите, научниците се послужиле со масена спектрометрија за да ги идентификуваат протеините присутни во примероците. Тие пронашле изобилство од протеини од житарици што вообичаено се користат во производството на пиво, тука вклучувајќи јачмен, хелда, пченица и 'рж. Авторите на студијата претпоставуваат дека пиварите ги продавале своите нуспроизводи на институции како Кралската данска академија за ликовни уметности, каде уметниците ја пренамениле оваа лесно достапната супстанција како врзивно средство коешто им помага на пигментите да се прилепуваат на уметничките платна.
Поглед од мансардата на продавницата за жито кај пекарницата во Цитаделата во Копенхаген – дело на Кристофер Вилхелм Екерсберг, 1831 г.
Идентификувањето на овие протеини во сликите би можело да им помогне на конзерваторите да одлучат како најдобро да ги изложат и зачуваат сликите, како и да помогне во разликувањето на автентичните уметнички дела од фалсификатите.