Рубрика: Медицина
Пивскиот хмељ може да ја спречи Алцхајмеровата болест?!
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 30.12.2022 - 14:00

Добри вести smiley Иако консумирањето на премногу алкохол секако и штети на краткорочната меморија, едно ново истражување вели дека ароматичниот хмељ во вашето омилено пиво може да ги спречи некои од негативните ефекти на Алцхајмеровата болест.

Алцхајмеровата болест честопати предизвикува губење на меморијата и промени во личноста, вообичаено кај постарите лица, и мошне тешко се лекува. Имено, хемиските процеси поврзани со болеста всушност започнуваат неколку години пред да се појават симптомите, па до моментот кога пациентите се дијагностицираат, штетата е веќе направена. Како резултат на тоа, една стратегија што се користи за спречување на овие промени е јадењето здрава храна, со повеќе хранливи материи, понекогаш наречена нутрацевтска исхрана. Уште од порано некои истражувања укажуваа дека хмељот – растение што се додава во процесот на создавање повеќе пива и коешто им ја дава различната палета од горчливи, ароматични и понекогаш овошни ароми, во зависност од сортата – го онеспособува дејството на некои од хемиските соединенија што можат да предизвикаат Алцхајмерова болест.

Во една студија, објавена неодамна во ACS Chemical Neuroscience, Кристина Аиролди и Алесандро Палмиоли од Центарот за невронаука во Милано внимателно ги разгледуваат хемиските соединенија кои ги формираат различните видови на хмељ.

Истражувачите тестирале различни видови хмељ во нивното истражување: Саз (Saaz) хмељ, сорта која често се користи за острите чешки светли пива т.н. пилснери; Тетнанг (Tettnang), германска сорта што се користи во кај полесните лагер пива и кај але пивата; Каскада (Cascade), овошна и ароматична сорта која се користи кај голем број американски светли але пива и кај ИПА пивата; и Самит (Summit), уште една американска горчлива сорта која често се користи во производството на ИПА пиво.

Еден од начините на кои Алцхајмеровата болест веројатно предизвикува оштетување со акумулирање на амилоидни бета протеини во нервните клетки кај луѓето. Истражувачите сега откриле дека антиоксидансите во хмељот што тие го тестирале го инхибираат ова згрутчување на амилоидните бета протеини. Соединенијата покажале и антибиотски својства, помагајќи му на телото да ги отстрани невротоксичните и погрешно преклопените протеини. Ако претпочитате консумирање на пива од сортите лагер и але, ќе ве израдува веста дека екстрактот од хмељот Тетнанг се покажал најефективен од четирите тестирани сорти.

Во следниот чекор од нивното истражување, тимот го тестирал дејството на екстрактот Тетнанг на валчест црв Caenorhabditis elegans. Според истражувачите, геномите на овие црви се слични на оние на луѓето на повеќе важни начини, што ги прави добра замена во лабораториските експерименти, особено кога се проучуваат дегенеративни болести, како Алцхајмеровата и Паркинсоновата, како и процесот на стареење.

Истражувачите откриле дека екстрактот Тетнанг лесно ги штител црвите од парализата што се јавува како последица на Алцхајмеровата болест; овој заштитен ефект бил сличен на оној што го произведува доксициклинот, лек кој е докажан во други истражувања дека спречува некои од негативните ефекти на Алцхајмеровата болест (како што се оштетувањето на меморијата и невро-воспаление). Но, овие прелиминарни откритија не значат дека треба веднаш да започнете со пиење колку што можете повеќе пива ‘справени’ со Тетнанг во име на превенција од Алцхајмеровата болест. Зошто? Па, за почеток, истражувањето било спроведено на црви, не на луѓе.

Иако тимот извршил прелиминарни истражувања на пивата кои се приготвуваат со различни сорти и количини на хмељ, и откри дека некои од овие “нутрацевти”остануваат во пивото и по процесот на варење. Тие гo тестираат дејството на овие екстракти и против протеините кои предизвикуваат некои од негативните ефекти поврзани со Паркинсоновата болест и состојбата Мачадо-Џозеф, ретка дегенеративна болест која предизвикува недостаток на контрола на мускулите.

Кизнае, можеби наскоро сепак ќе дочекаме пиво на рецепт, со лекарска препорака при изборот на типот на пивото.

Клучни зборови: