TikTok направи многу за да ги убеди клиентите и владите на големите пазари како САД дека приватноста на податоците на корисниците е заштитена и дека не претставува закана за националната безбедност. Но, матичната компанија ByteDance изјави во петокот за Агенцијата Франс Прес (АФП) дека неколку вработени пристапиле до податоците на двајца новинари како дел од внатрешната истрага за протекување на информации од компанијата до медиумите.
Тие се надеваа дека ќе ги идентификуваат врските меѓу персоналот и новинарот на Фајненшл тајмс и поранешен новинар на Базфид, се вели во мејлот на генералниот советник на Бајтданс, Ерих Андерсен до кој дошле од АФП. Споменатите новинари претходно известуваа за информации што протекоа од компанијата. Ниту еден од вработените за кои е утврдено дека бил вклучен во овој несоодветен пристап до личните податоци не останал вработен во ByteDance, известил Андерсен. Но, истовремено тој открил за колкумина од вработените било откриено дека се вклучени во скандалот и потоа отпуштени.
Во изјава за AFP, ByteDance вели дека ја осудува „погрешната иницијатива која сериозно го прекрши Кодексот на однесување на компанијата“.
Вработените ги добиле IP-адресите на новинарите во обид да утврдат дали тие биле на иста локација како колегите од ByteDance осомничени за откривање доверливи информации, ова го открила внатрешна истрага на компанијата предводена од нејзин тим во соработка со и надворешна адвокатска фирма, откри Андерсен. Планот сепак не успеал, делумно затоа што IP-адресите откриле само приближни податоци за локацијата.
TikTok повторно се најде во фокусот на вниманието во САД, при што Конгресот е подготвен да одобри забрана на национално ниво за користење на популарната апликација на владините уреди поради согледани безбедносни ризици. Претставничкиот дом оваа недела би можел да усвои закон со кој се забранува употреба на TikTok на професионалните телефони на државните службеници, потег што ќе следи по усвоените забрани во околу 20 американски држави.
TikTok се обиде да ги убеди американските власти дека податоците од САД се заштитени и складирани на сервери лоцирани во земјата. Но, по извештаите во медиумите, тие признаа дека вработените со седиште во Кина имале пристап до податоците на американските корисници, иако компанијата инсистираше дека тоа било под строги и мошне ограничени околности.