Група австралиски истражувачи успеале да лоцираат и пронајдат метеорит кој паднал на Земјата со употреба на дрон, алгоритам за вештачка интелигенција и... многу среќа.
Дроновите од неодамна добија значителна улога во научните истражувања. Нивната употреба, односно употребата на подводните дронови – беспилотни мини-подморници, се покажа пресудна при неодамнешното откритие на Ендјуранс (Endurance), бродот на Ернест Шеклтон што потона во антарктичките води во 1915 година. Сега, дронот се покажа како “незаменлив инструмент” и во ловот на метеорити. Имено, група истражувачи од Универзитетот Куртин во Австралија успеа да лоцираат метеорит, кој паднал на Земјата во подрачјето на западна Австралија, користејќи дрон. Како што може да се прочитаме на Astrophysics, тимот успешно го спровел подвигот во рок од само четири дена со употреба на дронот и на Desert Fireball Network (DFN), серија опсерватории кои ги бележат и следат метеоритите од моментот кога тие влегуваат во земјината атмосфера до нивната крајна дестинација. Еве како сè се одвивало...
Две од опсерваторните точки на DFN забележале објект кој влегол во атмосферата, следејќи го 3,1 секунда. Прата опсерваторна точка го следела објектот 149 km, а втората 471 km. Со вкрстување на податоците од двете набљудувања, била маркирана површина од 5 квадратни километри во која се верувало дека паднал метеоритот. Површината, сепак, сè уште била преголема за секоја педа од неа да биде пребарана со волонтери. Ова особено станува јасно ако се има предвид дека станува збор за наоѓање “камче” со пречник не поголем од 10 сантиметри.
Затоа тимот од Универзитетот Кертин се решил за употреба на дрон и на алгоритам со вештачка интелигенција. Користејќи слики од познати метеорити пронајдени во средини слични на Австралија, тие го обучиле алгоритмот за тоа што треба да се бара. Потоа, го полетале дронот за да направат слики од теренот што треба да се внесе во алгоритмот. За оваа операција биле потребни околу три дена, при што дрон од типот DJI M300 опремен со камера ја покрил и снимил целата област.
Во следната фаза, вештачката интелигенција ги “прочешлала” сликите и, конечно, ја пронашла онаа на која најверојатно бил снимен бараниот објект. Потоа истражувачите отишле на местото и навистина го лоцирале метеоритот. Тежината на “вселенското камче” изнесувала само 70 грама.
За волја на вистината, мора да се каже дека областа каде што паднал метеоритот е практично пустина и било релативно лесно целосно да се пребара со дрон. Веројатно сосема друга ќе беше приказната ако објектот паднеше во област со шуми или пак во некоја урбана средина.