Рубрика: Информатика
Ел Салвадор стана првата земја што купи биткоин
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 09.09.2021 - 12:45

Претседателот на Ел Салвадор, Наиб Букеле, во понеделникот потврди дека неговата влада ги купила првите 200 биткоини пред да го воведе новиот закон со којшто криптовалутите треба да станат законско средство за плаќање.

Купувањето е дел од новиот Биткоин фонд во вредност од 150 милиони долари, усвоен од Конгресот на Ел Салвадор минатата недела. Фондот ќе се користи за олеснување на конверзијата од Биткоин во американски долари пред да стапи на сила новиот закон. По сегашните цени, првото купување вреди нешто повеќе од 10,36 милиони долари. Набргу по првото купување, претседателот на Ел Салвадор на Твитер рече дека купиле уште 200 биткоини и сега поседуваат вкупно 400 БТК.

Јавноста е поделена околу одлуката на Ел Салвадор да го прифати биткоинот како платежно средство.

Во јуни оваа година, Ел Салвадор стана првата земја во светот што одлучи да го признае биткоинот како легално средство за плаќање. Иако одлуката беше пофалена од биткоин заедницата, поддржувачите на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд предупредија дека новата стратегија не е добра идеја. Неодамна, опозицијата во Ел Салвадор одржа протести низ целата земја против новиот Закон за биткоин.

Во меѓувреме, Банката на Америка, неодамна наведе најмалку четири потенцијални придобивки за Ел Салвадор што ќе донесат прифаќање на Биткоин. Во извештајот објавен во јули, банката вели дека усвојувањето на најголемата криптовалута во земјата може да ги поедностави дознаките од странство, да ја зајакне финансиската дигитализација, да овозможи поголем избор на потрошувачите и да ја отвори земјата за странските инвеститори.

Новиот Закон за биткоинот им дава на Салвадорците можност да поседуваат дигитални средства како дел од долгорочна инвестициска стратегија или да ги повлечат во готово на кој било од новите 200 банкомати кои се инсталираат низ државата. Земјата, исто така, гради инфраструктура за поддршка на државниот биткоин паричник, наречен Чиво (Chivo). Паричникот Чиво ќе има сопствен банкомат кој им овозможува на граѓаните да подигаат готовина 24 часа на ден без да платат провизија.

Првите 24 по прифаќањето на биткоинот како легално средство за плаќање не помина без проблеми. За почеток токму во тој момент вредноста на биткоинот падна од 52000 американски долари на нешто помалку од 43 000 долари, што е најниска цена за еден биткоин во последниве месец дена. Втор проблем се покажа достапноста на париочникот Чиво којшто во првиот налет налет не можеше да се најде на некои од официјалните продавници за апликации, за потоа, откако ова беше средено, неговото преземање да ги примора провајдерите на повремено ислкучување на некои од серверите поради преоптоварување.

Протести на улиците на Сан Салвадор против воведувањето на биткоинот како средство за плаќање

Многумина во Ел Салвадор се загрижени дека нестабилната вредност на биткоинот може да донесе нови финансиски проблеми за една од најсиромашните економии во Јужна Америка. Неодамнешните протести во главниот град, Сан Салвадор, ја вокализираа оваа недоверба на дел од граѓаните во криптовалутата, кои оваа промена ја сметаат само како оттргување на внимание од поголемите проблеми со кои се соочува земјата.

Клучни зборови:
Претседателот на Ел Салвадор, Наиб Букеле

Претседателот на Ел Салвадор, Наиб Букеле

Протести на улиците на Сан Салвадор против воведувањето на биткоинот како средство за плаќање

Протести на улиците на Сан Салвадор против воведувањето на биткоинот како средство за плаќање

Протести на улиците на Сан Салвадор против воведувањето на биткоинот како средство за плаќање

Протести на улиците на Сан Салвадор против воведувањето на биткоинот како средство за плаќање