Oscar-Qube (Optical Sensors based on CARbon materials: QUantum Belgium) претставува експеримент развиен од група студенти од Универзитетот Хаселт во Белгија. Тој е дел од програмата “Лансирај ја твојата теза во орбита!” (Orbit Your Thesis!) на Канцеларијата за образование на Eвропската вселенска агенција. Oscar-Qube пристигна на Меѓународната вселенска станица вчера со леталото Space X Dragon како дел мисијата за снабдување CR23.
Оваа недела, астронаутот на ЕСА, Томас Пескет (Thomas Pesquet) ќе го инсталира експериментот во постројката Ice Cubes, која нуди комерцијален и едукативен пристап до микрогравитациската средина на вселенската станица.
Експериментот Oscar-Qube
Мисијата на Oscar-Qube е да создаде детална карта на магнетното поле на Земјата. Уредот користи нов тип магнетометар кој користи квантен сензор базиран на дијаманти. Ова значи дека е многу чувствителен, дека овозможува мерења во нано размер и време на одговор побрзо од 100 наносекунди.
Сиве овие карактеристики во комбинација овозможуваат создавање на моќен експеримент со којштомагнетното поле на Земјата ќе може да се мапира со неспоредливо ниво на прецизност.
Oscar-Qube е дизајниран и изграден исклучиво од првиот студентски тим којшто ќе ја тестира квантната технологија заснована на дијаманти во вселената. Тие од далечина, во континуитет ќе управуваат со операциите на сондата за време на нејзиниот 10-месечен престој на Меѓународната вселенска станица.