Рубрика: Астрономија и астронаутика
Фото на неделата: Сјајот на далечните ѕвезди
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 02.07.2021 - 17:00

На фотографијата е прикажано отвореното sвездено јато NGC 330, оддалечено околу 180 000 светлосни години од нас, сместено во внатрешноста на Малиот Магеланов облак. Ѕвезденото јато кое се наоѓа во соѕвездието Тукан содржи мноштво sвезди, кои се впечатливо расеани насекаде низ фотографијата во прилог.

Фотографијава не “обзнанува” нешто ново за универзумот, но од нејзе може да се дознаат некои мошне интересни работи за начинот на којшто функционираат внатрешните системи на телескопот Хабл, со којшто е таа направена. Униформните крстести шари коишто го карактеризираат приказот на sвездите на оваа слика, познати како дифракциски шилци – се создадени при интеракцијата на ѕвездената светлина со четирите тенки и плоснати држачи на секундарното огледало на Хабл.

Имајќи предвид дека sвездените јата се формираат од еден примордијален облак од гас и прашина, може слобидно да се каже дека сите ѕвезди во јатото се приближно на иста возраст. Поради оваа карактеристика тие се корисни природни лаборатории од коишто астрономите можат да научат повеќе за формирањето и еволуицијата на sвездите.

Оваа слика ги комбинира набљудувањата направени со помош на една од широкоаголните камери Хабл (Wide Field Camera 3), и вклучува податоци од две сосема различни астрономски истражувања. При првото набљудување главна цел било да се разбере зошто се чини дека sвездите во sвездените јата еволуираат различно од sвездите на други места, карактеристика којашто првично била забележана со помош на вселенскиот телескоп Хабл. Втората опсервација имала за цел да утврди колку големи можат да бидат sвездите пред да станат  осудени да го завршат својот живот во катаклизмични супернова експлозии.

Клучни зборови: