Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 10/11.6.2021
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 11.06.2021 - 15:45

Во следните редови ја одбележуваме промоцијата на првата успешна техника за добивање на фотографии во боја, 95 години од несреќната смрт на еден од големите архитекти на 20 век – Антонио Гауди, славиме 111 години од раѓањето на еден од најславните подводни истражувачи и активисти за зачувувањето на водниот свет – Жак Кусто, и 43 години од промоцијата на првата играчка што користи синтетизација на човечки глас...

 

10.6.1907 – Претставена е техниката Автохром Лимиер за добивање фотографии во боја

Процесот Автохром Лимиер (Autochrome Lumière) бил патентиран неколку години пред тоа, уште во 1903 година од страна на познатите “филмски” браќа Лимиер. Но, практичната примена на нивниот патент ќе мора да почека сè до 1907 кога е создадена првата комерцијално успешна примена на оваа техника за создавање на фотографии во боја.

Автохроматски фотографии направени во периодот од 1914-18 (лево) и во1930 година (десно)

Автохроматскиот процес употребува адитивна колор-техника на “мозаична фото-плоча”. Овoj процес за создавање фотографии во боја се користел сè до појавата на супстракцискиот колор-филм кон средината на 30-тите години од минатиот век. Пред браќата Лимиер, Луј Дико Орон (Louis Ducos Hauron) користел техника на сепарации за да добие слики во боја на хартиjа со помош на фото-плочи, добивајќи природни бои со суперимпозиција, процес врз којшто ќе се заснова сета комерцијална колор фотографија.

Наследниците на фотографот Антоан Лимиер, пронаоѓачите Луј и Огист Лимиер ја употребиле техниката Du Hauron во 1869, којашто веќе била подобрена од другите пронаоѓачи како Џон Џоли и Џејмс Вилијам Мекдонах, кои овозможиле печатење на фотографии во боја.

Како најшироко употребуваната форма на колор фотографија во раниот дваесетти век, автохроматската техника била ценета поради нејзината естетика и уникатност, коишто е нејзини најпрепознатливи карактеристики. (Н. С.)

 

10.6.1926 – Почина Антониo Гауди

Антони Гауди и Корнет (Antoni Gaudí i Cornet) е каталонски архитект, припадник на каталонскиот модернизам, познат по оригиналниот стил и индивидуалистички дизајн.

Гауди студирал архитектура на Вишото техничко училиште за архитектура во Барселона од 1873 до 1877 година. Поради недостигот на парични средства, додека студирал работел како технички цртач, а понекогаш скицирал мебел. Неговиот талент го забележале каталонските архитекти Хозе Фонтсере Местре (Josep Fontserè i Mestre) и Хоан Марторељ (Joan Martorell i Montells), кои го вклучиле во некои нивни проекти.

Гауди дипломирал кога имал 26 години и на почетокот работел како дизјнаер на ентериер и декоратор. Една негова витрина, која ја скицирал за познатата градинка Каса Корнеља во Барселона, била избрана за универзалната изложба во Париз во 1878 година.

Работодавецот Еусеби Гуељ бил импресиониран од елеганцијата и модерниот стил на витрината на Гауди, па станал мецена и редовен клиент на Гауди. Во негова чест, еден од своите најголеми проекти, Гауди го именувал Парк Гуељ.

Првите дела на Гауди биле во стилови карактеристични за готската архитектура и традиционалната каталонска архитектура. Но, во продолжение тој развиј сосптвен скулптурен стил. Францускиот архитект Ежен Виоле ле Дук, кој промовирал и унапредил една форма од готската архитектура, имал големо влијание врз Гауди. Од студент по архитектура, Гауди прераснал во мајстор со оригинални, неправилни и сложени скици. Некои од неговите најголеми дела, како на пример Саграда Фамилија, имаат речиси халуциногена моќ.

 

Најпрепознатливите дела на Гауди – Црквата на Светата Фамилија, Куќата Батљо и Паркот Гуељ

Гауди поминал 10 години, работејќи на изгледот на Саграда Фамилија, притоа развивајќи нов модел на структурна пресметка, кој се засновал на модел изграден од јажиња и мали вреќи со олово. Скицата на црквата била направена на дрвена табла, во размер 1:10, а потоа била поставена на таванот од една куќа, веднаш до градилиштето. Јажињата биле закачени на местата каде што требале да бидат подигнати столбовите. Вреќите со олово, кои тежеле десет илјади пати помалку од масаат на сводот, виселе околу сводот со помош на јажињата. Потоа следувало фотографирањето на моделот од различни агли. Кога фотографиите ќе се свртеле наопаку, линиите на затегнатост, создадени од јажиањата и вреќите ги откривале линиите на притисок на згмечената структура. Ова е еден од анчините на кој Гауди обезбедувал природни форми во неговите дела.

Истата чувствителна моќ од најголемите дела на Гауди e присутна и во несекојдневните отмени столови и маси, парчињата мебел дизајнирани од Гауди. Архитектурата на Гауди претставува целосно поврзување на материјали, процеси и поезија. Неговиот пристап во дизајнот на мебел се одликувал со структурна чувствителност и продолжувал со целосната архитектонска идеја.

На неговата оригиналност, неговите современици, најнапред гледале со потсмев. Всушност, тој бил поддржуван само од богатиот индустријалец Еусеби Гуељ. Неговите сограѓани, познати во Каса Миља како “каменоломци“, но и познатиот англиски писател Џорџ Орвел, кој престојувал во Барселона за време на Шпанската граѓанска војна, не ги прифаќале неговите дела. Но, како што мунувало времето, тој станал сè попознат со своите дела. Денес, Гауди се смета за еден од најоригиналните архитекти. (Н. С.)

 

11.6.1910 – Роден е Жак Кусто

Жак Ив Кусто е француски поморски офицер, истражувач на океанот и еден од пронаоѓачите на Aqua-Lung. Познат е по обемните подводни истражувања на природата и водниот свет.

По дипломирањето на Поморската академија на Франција во 1933 година, добил чинна помлад поручник. Сепак, неговите планови да стане морнарички пилот пропаднале по една речиси фатална автомобилска несреќа при која ги скршил двете раце. Кусто, иако немал формално образование и тренинг за научна работа, бил привлечен кон подводните истражувања воден од неговата љубов кон океанот и нуркањето. Во 1943 година Кусто и францускиот инженер Емил Гањан го развија првиот целосно автоматски уред со компримиран воздух Aqua-Lung (scuba apparatus), којшто им овозможи на нуркачите слободно да се движат под вода на подолг временски период. Кусто помогна и во пронаоѓањето на низа други алатки корисни за океанографите, вклучително и на лесно управливата мала подморница наменета за истражување на морското дно (во 1959 година), како и на голем број фотоапарати и камери наменети за подводно снимање.

За време на Втората светска војна Кусто бил најнапред активен офицер, а подоцна бил член на Француското движење за отпор против германската окупација на земјата. По војната е награден со Легија на честа за неговата работа во доменот на разузнавањето. Експериментите на Кусто со подводни филмови започнале уште за време на војната. Тој бил вклучен во спроведувањето океанографски истражувања во центаротот во Марсеј заедно со францускиот поморски офицер Филип Теје. По војната, тој продолжи да работи за француската морнарица, како шеф на Групата за подводни истражувања во Тулон.

За да ја прошири својата работа во морските истражувања, Кусто основал повеќе организации од доменот на маркетингот, производството, инженерингот и истражувањето, кои во 1973 година биле обединети во Групацијата Кусто. Во 1950 година, тој претвори еден постар британски воен брод наменет за чистење мини во океанографски истражувачки брод. Легендарниот брод Калипсо ќе му овозможи преземање на голем број истражувачки потфати.

Бродот Калипсо со којшто Жак Кусто ги реализираше неговите експедиции

Со книгатa Светот на тишината (Le monde du silence) напишана во соработка со Фредерик Дима, Кусто го популаризираше истражувањето во доменот на океанографијата како и скуба нуркањето како спорт. Во 1956 година, тој ја адаптираше книгата во документарен филм, кој го режира заедно со Луј Мал. Филмот ќе ја освои Златната палма на прочуениот меѓународен филмски фестивал во Кан, а ќе освои ја освои и наградата Оскар во 1957 година. Ова ќе биде еден од трите Оскари што ќе ги освојат неговите филмови. Во 1957 година Кусто е именуван за директор на океанографскиот музеј во Монако.

Тој ја предводел Програмата за нуркање Conshelf Saturation, при којашто се спроведувале експерименти во кои мажи живееја и работеа подолг временски период на значителна длабочина под морето. Во 1974 година го формира Друштвото Кусто, непрофитна групација посветена за зачувување на животната средина на светските мориња и океани.

Кусто сними голем број телевизиски програми, вклучувајќи ја и американската серија The Undersea World of Jacques Cousteau (1968 – 76). Неколку документарни филмови беа копродуцирани заедно со неговиот син Филип, сè до предвремената смрт на Филип во авионска несреќа во 1979 година. Во 1985 година Кусто е награден со Претседателскиот медал за слобода на САД.

Кусто е автор и на книгите “Преку 18 метри вода” (1946), “Живото море” (1963), “Три авантури: Галапагос, Титикака, и Сините дупки” (1973), “Делфини” (1975) и “Жак Кусто: Океанскиот свет” (1985). Неговата последна книга, “Човекот, орхидејата и октоподот: Истражување и зачувување на нашиот природен свет” (2007), беше објавена постхумно. (Н. С.)

 

11.6.1978 – Тексас Инструментс го претстави Speak & Spell

Speak & Spell, претставувало за тоа време иновативно средство за учење – едукативна играчка што зборува, наменета за деца на возраст од 7 и повеќе години. Дебито на оваа играчка го одбележа првото електронско дуплирање/имитација на човечкиот гласен тракт на еден силиконски чип. Speak & Spell користел линеарно предвидливо кодирање за формулација на математички модел за човековиот гласен тракт и за создавање говорен примерок врз основа на претходниот влез. Тој ги трансформирал дигиталните информации обработени преку филтерот во синтетички говор и можел да собере повеќе од 100 секунди јазични звуци. Speak & Spell е првата од серијата од 3 едукативни играчки на Тексас Инструментс. Другите две се Speak & Math и Speak & Read. (И. З.)

Клучни зборови:
Браќата Лимиер

Браќата Лимиер

Зрнестата структура на наносот во боја на автохроматската фото-плоча

Зрнестата структура на наносот во боја на автохроматската фото-плоча

Автохроматска фотографија на Таџ Махал направена во 1921 година

Автохроматска фотографија на Таџ Махал направена во 1921 година

Автохроматска фотографија на авион двокрилец која потекнува од 1 Светска војна, околу 1917 година

Автохроматска фотографија на авион двокрилец која потекнува од 1 Светска војна, околу 1917 година

Автохроматска фотографија на куќа во Стокхолм, 1930 година

Автохроматска фотографија на куќа во Стокхолм, 1930 година

Антони Гауди

Антони Гауди

Црквата Саграда Фамилија

Црквата Саграда Фамилија 

Влезот во Парк Гуељ

Влезот во Парк Гуељ

Градба од ориенталниот период на Гауди

Градба од ориенталниот период на Гауди

Најпрепознатливите дела на Гауди – Црквата на Светата Фамилија, Куќата Батљо и Паркот Гуељ

Најпрепознатливите дела на Гауди – Црквата на Светата Фамилија, Куќата Батљо и Паркот Гуељ

Жак Кусто

Жак Кусто

Жак Кусто подготвен за подводни истражувања

Жак Кусто подготвен за подводни истражувања

Бродот Калипсо со којшто Жак Кусто ги реализираше неговите експедиции

Бродот Калипсо со којшто Жак Кусто ги реализираше неговите експедиции

Претставувањето на Speak & Spell

Претставувањето на Speak & Spell

Играчката Speak&Spell

Играчката Speak&Spell