Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 9.6.2021
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 09.06.2021 - 15:45

Во овој времеплов одбележуваме 62 години од смртта на германскиот хемичар и добитник на Нобеловата награда за хемија, Адолф Ото Виндаус, 35 години од еден од првите чекори кои ќе го донесат чудото на современиот интернет, 185 години од раѓањето на Елизабет Гарет Андерсон, првата жена лекар во Британија и 116 години од објавата на трудот што на Ајнштајн ќе му ја донесе Нобеловата награда за физика...

 

9.6.1959 – Починал Адолф Ото Виндаус, германски хемичар и добитник на Нобеловата награда за хемија во 1928 година

Адолф Ото Виндаус (Adolf Otto Reinhold Windaus) бил германски хемичар кој во 1928 година добил Нобелова награда за хемија за неговата работа на стероли и нивната поврзаност со витамините.

Роден е во Берлин, Германија, на 25 декември 1876 година. Посетувал  престижно Француско граматичко училиште, каде се фокусирал пред сè на литературата. Започнал да студира медицина на Универзитетот во Берлин во 1895 година, а потоа продолжил да студира хемија на Универзитетот во Фрајбург. Откако докторирал медицина, Виндаус станал шеф на хемискиот институт на Универзитетот во Гетинген, од 1915 до 1944 година.

Во текот на животот, Виндаус освоил многу награди, меѓу кои и Медалот Гете, Медалот Пастер и Нобеловата награда за хемија. Покрај многубројните достигнувања и откритија во науката, Виндаус бил и еден од ретките германски хемичари кои не соработувале со нацистите и отворено се спротивставил на нивниот режим. Како шеф на хемискиот институт на Универзитетот во Гетинген, Виндаус лично бранел еден од своите дипломирани студенти од отпуштање од работа. Тој верувал додека секој човек има морален кодекс, дека науката е мотивирана од љубопитност и не е водена од политиката и од примената на неговите откритија. Поради ова гледиште се откажал од истражувањето на отровните гасови за време на Првата светска војна.

Виндаус бил вклучен во откривањето на трансформацијата на холестеролот во неколку чекори кон витамин Д3 (холекалциферол). Тој ги дал неговите патенти на фармацевтските компании Мерк и Баер, а тие го пласирале лекот Вигантол (Vigantol), којшто претставува маслен раствор на холекалциферол, во 1927 година. (Р. М.)

 

9.6.1986 – Поддршка на претходникот на Интернет од суперкомпјутерските центри

Центарот за суперкомпјутери во Питсбург се отворил за поддршка на претходникот на современиот Интернет. Американската Национална научна фондација NSFNET ги поврзала петте суперкомпјутерски центри на универзитетите Принстон, Питсбург, Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего, Универзитетот на Илиноис Urbana-Champaign и Универзитетот Корнел. Наскоро, се развиле неколку нови регионални мрежи.

На крајот, владата распределила делови од АРПАНЕТ на НСФНЕТ. НСФ дозволи Комерцијалната употреба на Интернет за прв пат била одобрена од американската безбедносна агенција НСФ во 1991 г., а во 1995 година бил исклучен столбот, со што Интернетот се издвојува како самостојна индустрија.  (И. З.)

 

9.6.1836 – Родена е Елизабет Гарет Андерсон

Елизабет Гарет Андерсон (Elizabeth Garrett Anderson) била англиска лекарка и активистка којашто барала прием и застапеност на жените во професионалното образование, особено во медицината. Таа била прва жена лекар со лиценца за работа во Британија. Лиценцата и била издадена на 28 септември 1865 година, иако при стекнувањето на своето образование имала огромни потешкотии. Имено, и бил одбиен приемот во сите медицински школи под со образложение дека не обучуваат жени за професијата лекар. Но, Андерсон била решителна и упорна. Студирала медицина приватно, обучувана од најдобрите лекари во Британија, а поради тоа што не и бил дозволен пристап до болничките установи била приморана да врши дисекција на трупови во својот дом.

Во 1865 година таа се квалификувала за лекар откако го положила обемниот испит на Society of Apothecaries. Веќе следната година таа ја основала Болницата за жени Св. Марија во Лондон (St. Mary’s Dispensary for Women). Таа е прва жена која била член на Британската асоцијација на медицинари.

Починала на 17 декември 1917 година. (Н. С.)

 

9.6.1905 – Ајнштајн го објави делото за коешто ќе добие Нобел

Во 1905 година Алберт Ајнштајн ја објави неговата анализа на квантната теорија на Макс Планк и нејзината примена кај светлината. Неговиот труд беше објавен во научното списание Annalen der Physik.

Иако во трудот не вклучувал никаква експериментална работа, туку се базира на теоретски и мисловни експерименти, тој за него ќе ја добие Нобеловата награда за физика во 1921 година. (Н. С.)

 

Клучни зборови:
Адолф Ото Виндаус

Адолф Ото Виндаус

Адолф Ото Виндаус

Адолф Ото Виндаус

Елизабет Гарет Андерсон

Елизабет Гарет Андерсон

Елизабет Гарет Андерсон

Елизабет Гарет Андерсон, првата жена лекар во Велика Британија

Болницата за жени Св. Марија во Лондон на Елизабет Гарет Андерсон