Научниците открија летна климатска шема над и околу Арктикот којашто можеби ги поттикнува топлотните бранови во Европа и големите шумски пожари, преку загаденот воздухот што го носи од просторите над Сибир и субполарна Северна Америка.
Последниве години, во лето, честопати сме сведоци на екстремно високи температури низ Европа, подолги топлотни бранови, но и активни шумски пожари во и околу Арктикот – во Сибир и на крајниот дел од Северна Америка, во Алјаска и Канада, коишто предизвикуваат загадување на воздухот од огромни размери. Така, на пример, во јули 2019 година, значителен број пожари на Алјаска беа откриени од сателити. Неодамнешните необични климатски феномени се причина за огромна загриженост кај голем дел од луѓето кои живеат во овие региони.
Научници од Јапонија, Јужна Кореја и САД, успеале да откријат поврзаност на пожарите со аеросолите во воздухот (загадувањето на воздухот) и со климатските модели во и околу Арктикот. Меѓународниот тим неодамна ги објави своите откритија во списанието Environmental Research Letters.
Во нивните истражувања научниците ги користеле податоци обработените податоци од MERRA-2 (Modern-Era Retrospective analysis for Research and Applications, version 2) и сателитски податоци за пожарите, при што се фокусирале на периодот од 2003 до 2017 година. Потоа го процениле целокупното загадување на воздухот (односно присуството на ПМ2.5 честички) на Арктикот во текот на изминатите 15 години, обидувајќи се да ја разјаснат врската помеѓу варијациите во количината на ПМ2.5 и аеросолите, пожарите и соодветните климатски шематски појави.
Било откриено дека 13 од 20 месеци со најголем PM2.5 на Арктикот во овој петнаесет гопдишен период биле во лето. Зголемените нивоа на PM2.5 покажале висока корелација со релативно повисоките концентрации од органски јаглеродни аеросоли, односно со активните пожари. Заклучокот бил дека летните пожари придонеле за овие за исклучително високата бројка на PM2,5 во тие месеци на Арктикот. Во посочените месеци, пожарите веројатно биле поттикнати од екстремно топлите и суви услови коишто биле предизвикани од истовремено постојаните или развиени системи со висок притисок над Европа, Сибир и субполарна Северна Америка (Алјаска и Канада).
Научниците ја посочуваат оваа климатска шема (атмосферска циркулација), именувана како циркум-арктички бран (circum-Arctic wave – CAW), како поттикнувач на истовремената појава на топлотни бранови во Европа и на пожари во Сибир и субполарната Северна Америка. Всушност, модел сличен на CAW бил забележан и на почетокот од летото во 2019 година, период кој не бил предмет на анализите на MERRA-2.