Рубрика: Информатика
Четвртата индустриска револуција и системите за управување со објекти
Објавено на 19.02.2021 - 17:00

Младен Вуканац, генерален менаџер, Sauter Building Control Serbia

Младен Вуканац, генерален менаџер, Sauter Building Control Serbia: Влијанието на четвртата индустриска револуција врз системите за управување со објекти (ВМЅ)

„Моето петнаесетгодишно искуство во оваа индустрија ми кажува дека во блиска иднина, софтверот и специјализираните технички инженерски услуги ќе бидат многу побитни за постигнување пазарна моќ отколку хардверот.“


Заврши периодот на претерана инерција на полето на BMS и услугите во облак ќе бидат достапни за надзор на управувањето со зградите и инженерингот. Индустријата BMS веројатно сѐ повеќе ќе наликува на индустријата за мрежи, каде што конкуренцијата е за пазарот, а не на пазарот. Техничките елементи на BMS-системите повеќе нема да се сместени во зградите, туку онлајн, преку платформа на облак, каде што ќе биде видлив секој елемент од системот“, вели Младен Вуканац, генерален менаџер во Sauter Building Control Serbia, во својот напис во јануарското издание на списанието Diplomacy&Commerce.

Индустриската револуција 4.0 отвора нови хоризонти и поставува нови стандарди на полето на автоматизација преку дигитализација – облак, интернет на нештата, машинското учење и вештачката интелигенција. Би рекол дека заврши периодот на претерана инерција на полето на BMS и услугите во облак ќе бидат достапни за надзор на управувањето со зградите и инженерингот, што ќе доведе до тоа буквално „да ја носите зградата во џеб“. Како ќе влијае тоа на компаниите што имплементираат BMS?

Во текот на раните 80-ти години од минатиот век, хардверот за BMS користеше затворени протоколи. Тоа беше совршена влезна бариера за конкуренцијата и една ситуација каде што беше возможен природен монопол. Во раните 2000-ти години почна движењето за поставување отворени системи за комуникација како што се BACnet / IP протоколите за комуникација, кои со текот на времето станаа отворен стандард во индустријата и доведоа до поголема компатибилност на индустријата и до развој на поконкурентни пазари.

Моето петнаесетгодишно искуство во оваа индустрија ми кажува дека во блиска иднина, софтверот и специјализираните технички инженерски услуги ќе бидат многу побитни за постигнување пазарна моќ отколку хардверот. Присуството на многу техника, слабите проверки за соодветност и намалувањето на очекуваниот маргинален поврат на иновативните проекти може да ги намалат инвестициите во иновации на хардверот. Наместо тоа, компаниите ќе градат подобри капацитети за апсорпција. Мултифункционалните сензори ќе се сметаат за едни од примарните хардверски производи во четвртата индустриска револуција. Освен тоа, провајдерите на BMS ќе се обидат да склучат долгорочни договори со развивачите на софтвер со цел да се создадат влезни бариери. Улогата на компаниите за кибер-безбедност на полето на BMS ќе стане сѐ побитна. Автоматизацијата ќе навлезе во секој дом благодарение на достапноста и пониските инвестиции, а тоа ќе доведе до појава на нови компании во раните фази од четвртата индустриска револуција. Се предвидува дека многу нови компании на пазарот ќе донесат асиметрија на информациите и разновидна понуда за консументите, па ќе стане битно рекламирањето, како и репутацијата на брендот, големината на компанијата и финансиските ресурси.

„BMS компаниите ќе создаваат вредност преку платформи каде што добрите надворешни елементи на мрежите ќе ги удвојуваат приходите од одржување на BMS како главен извор на приходи.“

По тој период, можно е да следува период на консолидација на компаниите преку вертикална интеграција и вертикално запленување, со цел проширување на пазарната моќ. Можно е операторите на облакот да влезат во партнерство со BMS-компании или да се направат аквизиции со цел да се стекнат со знаење. Индустријата BMS веројатно сѐ повеќе ќе наликува на индустријата за мрежи, каде што конкуренцијата е за пазарот, а не на пазарот. Техничките елементи на BMS-системите повеќе нема да се сместени во зградите, туку онлајн, преку платформа на облак, каде што ќе биде видлив секој елемент од системот. BMS-компаниите ќе создаваат вредност преку платформи, каде што добрите надворешни елементи на мрежите ќе ги удвојуваат приходите од одржување на BMS како главен извор на приходи.

Заштедата на енергија и одржливиот развој исто така ќе ја подобрат финансиската ситуација благодарение на интернетот на нештата во BMS, каде што ќе се постигне висока енергетска ефикасност благодарение на брзата и лесна достапност на големи количини податоци за потрошувачката на енергија на зградите во облак. Дополнително, предиктивното решавање на проблемите и постојаната оптимизација ќе ги намалат трошоците и влијанието врз животната средина. Општо земено, пазарот на BMS ќе стане подинамичен.

БМС-решенијата на Sauter сѐ веќе имплементирани во Македонија преку КАБТЕЛ, во објектите на  Филхармонија  и во Спортскиот центар Јане Сандански, каде што се дизајнирани и инсталирани системски решенија за управување со објекти (Building Management System), со централен систем за надзор, управување и автоматска регулација на системите за греење, ладење, кој се врши преку софтверскиот пакет BMS, со помош на програмскиот пакет novaPro Open. Придобивките од интеграцијата на сите системи заедно се енергетска ефикасност, намален карбонски отпечаток, зголемување на удобноста во објектите,  достапност на информациите, компјутерски распоред на одржување на системите, ефективна употреба на персоналот за одржување, навремена детекција на дефектите во системите, интелигентно известување, безбедност и сигурност на објектите...

 

Наташа Нешиќ

Преземено од Diplomacy&Commerce

 

--- комерцијален напис ---

Клучни зборови:
Младен Вуканац, генерален менаџер, Sauter Building Control Serbia

Младен Вуканац, генерален менаџер, Sauter Building Control Serbia (фото: Diplomacy&Commerce)