Веќе еден месец Ивермектинот се користи во Македонија за лекување на ковид-19, но се уште немаме никакви официјални или неофицијални статистики за неговата ефикасност. Можеби таа празнина ќе се надмине со креирање на оваа база на податоци којашто ја ставам на располагање на докторите и на болничките администратори за пополнување, а податоци можат да испратат и самите пациенти или нивните семејства...
Креирав онлајн база на податоци за внесување на анонимни податоци за резултатите од лекувањето со Ивермектин. Датабазата им ја ставам на располагање на докторите и на болничките администратори за пополнување, а податоци можат да испратат и самите пациенти или нивните семејства, преку месинџер или имејл, ако не сакаат да се регистрираат.
За внесување на податоците, потребно е на веб-сајтот https://quant.data.blog/ заинтересираните да остават имејл и лозинка за регистрација, со чија помош ќе можат да се логираат и да внесуваат минимални податоци за затворените ковид-19 случаи.
Онлајн формуларот е прикажан на сликата подолу.
Во формуларот не се внесуваат никакви лични податоци, единствено се потребни една до четири букви од името и презимето, со цел да се избегне дуплирање при внесот. Повеќето податоци се незадолжителни, иако се пожелни за пресметка на разни статистики. Задолжителни податоци се само дали пациентот земал Ивермектин и каков бил исходот на лекувањето. Потребно е да собереме што повеќе податоци, како за случаите лекувани со Ивермектин, така и за оние лекувани без него. Колку повеќе податоци – толку статистички позначајни стануваат заклучоците.
Податочната база се дополнува автоматски, па доколку се приберат доволно податоци, тие ќе може статистички да се обработат и да се објават добиените резултати. Со доволно голем примерок, барем по 100 случаи со и без Ивермектин, ќе може да се направи анализа за тоа дали разликите во исходот се или не се статистички значајни, односно дали вреди да се продолжи со примена на Ивермектинот или не.