Во овој времеплов ги славиме роденденoт на шведскиот хемичар Андерс Екеберг и на компанијата што ни го даде пребарувачот Yahoo! Покрај ова ја одбележуваме и првата јавна демонстрација на уред кој произведува x-зраци како и на првото успешно слетување, со намера, на еден авион врз бродска палуба...
16.1.1767 – Роден е Андерс Екеберг, шведски хемичар
Шведскиот хемичар Андерс Густав Екеберг (Anders Gustav Ekeberg) е познат по тоа што го откри елементот тантал. Тој успеал да го изолира елементот од минералот танталит за којшто се верувало дека неговиот состав го сочинуват два елемента именувани пелопиум и ниобиум, според ликови од старогрчката митологија – Пелоп и Ниоба, деца на Тантал, син на богот Зевс.
Екеберг открил дека пелопиумот всушност претставува мешавина од ниобиум и еден друг, нов елемент којшто тој ќе го нарече тантал. (Н.С.)
17.1 2012 – Џери Јанг поднесе оставка од Управниот одбор на Yahoo
Поради притисок од инвеститорите и другите членови на одборот, Џери Јанг се повлекува од одборот на Yahoo!, компанијата што тој ја основаше. Среде притисок од инвеститорите и другите членови на одборот, Jerери Јанг се повлекува од одборот на Yahoo !, компанија што тој ја основаше. (И.З.)
18.1.1995 – Стартува доменот за пребарување на Yahoo!
Во јануари 1994 година Џери Јанг и Дејвид Фило, обајцата електроинженери дипломци од Универзитетот Стенфорд, го создаваат вебсајтот Jerry and David's Guide to the World Wide Web, односно Водич низ светската мрежа од Џери и Дејв. Сајтот во основа претставувал веб директоруум од други сајтови, организирани по хиерархија, наместо индекс од страници. Во март истата година страницата се преименува во Yahoo! и овој директорум којшто им овозможуваше на тогашните корисници попрегледно да сурфаат низ тогаш оскудниот интерент простор е всушност првиот производ на компанијата, и оригинална намена на вебсајтот. Доменот yahoo.com е креиран 1995 година на 18 јануари.
Yahoo! многу брзо стана популарен и беше омилена веб-платформа за сурфање по интернетот на речиси сите што беа “закачени” на него кон крајот на 90-тите години од минатиот век.
На почетокот од овој век, по многу премислувања и колебања, брзо се зголеми и стана еден од најпопуларните веб-портали кон крајот на 90-тите. Yahoo! ќе ја отфрли мултимилионската понуда од Мајкрософт за преземање на корпорацијата, одлука што ќе биде поддржана од Јанг. Одлуката ќе се покаже како доста лоша. Појавата и подемот на Гугл и неснаоѓањето на Yahoo! во услови на силна конкуренција, за неколку години ќе ја преполови вкупната вредност на компанијата. (И.З./Н.С.)
18.1.1896 – За првпат беше презентиран уред кој создава X-зраци.
Овој тип зраци во многу јазици се нарекуваат и рентген-зраци, според името на нивниот откривач Вилхелм Рентген (Wilhelm Rontgen), кој самиот ги нарекол X-зраци, алудирајќи на нов, непознат тип зраци. (П.Л.)
18.1.1911 – За првпат авион безбедно слета на брод
Американскиот пилот Јуџин Ели успешно слета на платформата изградена на дел од палубата на воениот брод Пенсилванија, закотвен во заливот Сан Франциско. При приземјувањето за дополнително кочење била употребена опрема која се состоела од сајли врзани со вреќи песок. Ели потоа успешно полетал од истиот брод. Интересно е што Ели бил и првиот пилот кој успешно полетал од брод. Ова се случило една година претходно, во ноември 1910 година, кога тој успешно полетал од палубата на крстосувачот Бирмингем, сместен во водите крај Хемптон Роудс во Вирџинија. Овие два настани го означуваат зачетокот на идејата за развој на посебен тип бродови – носачи на авиони. (Н.С.)