Рубрика: Медицина
Терапија со ивермектин преку матичните лекари е клучот за спас од Ковид-19
Автор: Марјан Божиновски
Објавено на 06.01.2021 - 16:15

Со оглед на изјавите на премиерот и министерот за здравство, станува сè поизвесно дека масовното вакцинирање во Македонија до степен на колективен имунитет нема да се случи до летово 2021. Поверојатно е дека имунизацијата би опфатила поширок дел од населението дури кон крајот на годината. За жал, така вирусот има на располагање речиси цела година и сè уште има многу луѓе кои може да ги зарази и дел од нив да ги убие.

Во хипотетички најлошото сценарио при коешто нема да има ниту вакцина, ниту лек, неговиот потенцијал до крајот на годината е да одземе уште најмалку 2 000 животи. Од истражувањата за ивермектинот против ковид-19, знаеме дека овој лек има потенцијал да го намали ризикот од смрт за најмалку 10 пати, ако се прими во првите 5 дена од почетокот на симптомите, и најмалку 2 пати ако се прими откако пациентот е веќе во болница (систематски рецензии и мета-анализи има овде, овде, овде и овде).

Од овие причини, мора да се истакне и да му биде апсолутно јасно секому дека во оваа 2021 година, во недостаток на масовна вакцинација што требаше да почне сега, правилната употреба на ивермектинот е од клучно значење за спасување животи и за брзо враќање на животот и економијата во нормала.

Има три сценарија за негова примена.

Cценарио 1

Ивермектинот се дава само како болничка терапија, според MATH+ болничкиот протокол.

Од 2 000 животи под ризик од смрт, може да бидат спасени барем 1 000, или 50% (2 пати намалена смртност).

 

Cценарио 2

Ивермектинот се дава од матичен лекар како ран амбулантски третман и за профилакса после контакт со заразен, според I-MASK+ амбулантскиот протокол.

Од 2000 животи под ризик од смрт, може да бидат спасени барем 1800, или 90% (10 пати намалена смртност). 

 

Cценарио 3

Ивермектинот се дава и кај матичните лекари, според I-MASK+ амбулантскиот протокол, и како болничка терапија, според MATH+ болничкиот протокол.

Од 2000 животи под ризик од смрт, може да бидат спасени барем 1900, или 95% (20 пати намалена смртност).

Заклучок

Бројките јасно укажуваат дека НАЈВАЖНО е ивермектинот да го препишуваат сите матични лекари и тоа во првите 5 дена од почетокот на симптомите вклучително и за профилакса после изложеност на вирусот. Со тоа, стапката на хоспитализација и стапката на смртност ќе се намалат до 10 пати. Со примена на ивермектинот и во болниците, вкупната стапка на смртност може да се намали до 20 пати. Исто така, на пациентите МОРА да им се објасни на едноставен и јасен начин дека лекот МОРА да го земат во првите 5 дена од симптомите. Ако многумина пациенти со коморбидитети и други неоткриени имунитетни слабости не го земат и покрај рецептот од матичниот лекар, ризикот за смртен исход им се зголемува значително штом дојдат во болница.

 

Дополнување, 7.1.2021 – Појаснување на пресметките

За многумина читатели гореспоменатите редукции на смртноста со помош на ивермектинска терапија во трите сценарија може да изгледаат произволни. Во овој прилог, низ формули ќе објасниме дека тие бројки се добиени од релативните ризици пресметани при мета-анализата на сите студии за ивермектин.

 

Да ги означиме големините:

R - ризик од смрт

P(H/I) – веројатност за хоспитализација со ивермектин од матичен лекар

P(H/nI) – веројатност за хоспитализација без ивермектин од матичен лекар

P(D/H/I) – веројатност за смрт во болница со ивермектин во болничка терапија

P(D/H/nI) – веројатност за смрт во болница без ивермектин во болничка терапија

RR – релативен ризик од смрт при било каква терапија со ивермектин

 

По дефиниција, ризикот од смрт е еднаков на производот од веројатноста за хоспитализација и веројатноста за смрт во болница.

R = P(H) · P(D/H)

Релативниот ризик од смрт при било каква терапија со ивермектин се пресметува како количник од ризикот со ивермектин и ризикот без ивермектин.

 

Сценарио 1

Ивермектинот се дава само како болничка терапија

Овој ризик е веќе пресметан при мета-анализата на сите студии и изнесува 52%

(види https://ivmmeta.com/: Late treatment 48% improvement RR 0.52 [0.36-0.74])

Веројатност за преживување е (100%-RR) = 48%. Во текстот е заокружено на 50%.

 

Cценарио 2

Ивермектинот се дава од матичен лекар како ран амбулантски третман и за профилакса после контакт со заразен, но НЕ како болничка терапијa

 

Релативните ризици од ран третман и post-exposure профилакса се веќе пресметани при мета-анализата на сите студии и изнесуваaт 15% и 10%, соодветно.

(види https://ivmmeta.com/:

Early treatment           85% improvement      RR 0.15 [0.06-0.41]

Post-Exposure Prophylaxis 90% improvement RR 0.10 [0.06-0.17])

Релативниот ризик за хоспитализација, апроксимативно, може да се земе како средна вредност од 15% и 10% и, така, изнесува 12,5%.

Веројатност за преживување е (100%-RR) = 87,5%. Во текстот е заокружено на 90%.

 

Cценарио 3

Ивермектинот се дава и кај матичните лекари, и како болничка терапија

 

Веројатност за преживување е (100%-RR) = 93,5%. Во текстот е заокружено на 95%.

Клучни зборови: