Pfizer и Moderna известија дека ефикасностите на нивните вакцини се 95% и 94%, соодветно. Што претставува ефикасност на вакцина? Дали ивермектинот како профилакса има ефикасност како и веќе одобрените вакцини против Ковид-19? Каков е протоколот за профилакса и ран амбулантски третман со ивермектин против Ковид-19?
Ефикасноста на вакцина е величина што кажува за колку проценти би се намалила стапката на инфекции ако се примени вакцинација. Идеално би било да е 100%, но во реален случај ефикасност од 95% е навистина одлична заштита.
Ефикасноста на вакцина (ЕВ) се пресметува според формула со два параметри:
Стапка на инфицирани е ништо друго туку процентот на инфицирани во дадена група. На пример, вакцината на Pfizer има 95% ефикасност, а тоа значи дека процентот на инфицирани во плацебо групата (СИП) е 20 пати повисок од процентот на инфицирани во вакцинираната група (СИВ). Слично е и со вакцината на Moderna.
Од друга страна, знаеме дека ивермектин беше клинички испитан во неколку студии како профилакса (пред и после експозиција на вирусот, кај здравствени работници и кај контакти на инфицирани). Дали можеме да зборуваме за профилактична ефикасност на ивермектинот дефинирана слично како ефикасноста на вакцините? Се разбира. Ефикасноста на невакцинална профилактична терапија се пресметува според истата формула. Така, можеме да ги пресметаме профилактичните ефикасности на ивермектин во секоја од тие четири проспективни студии.
Табелата ги прикажува резултатите. Ефикасноста на ивермектин како профилакса се движи во опсегот 80-100% и тоа:
Треба да се забележи дека Elgazzar A, Египет и Shouman W, Египет се студии за после експозиција на вирусот (post-exposure prophylaxis) и во нив на субјектите претходно потврдено изложени на вирусот им биле дадени две дози во првите неколку дена од почетокот на испитувањето и биле следени само 14 дена. Додека Carvallo H, Аргентина и Alam MT, Бангладеш се студии за пред-експозиција на вирусот (pre-exposure prophylaxis) кај здравствени работници и во нив ивермектин бил администриран еднаш неделно во рок од 3 месеца, односно еднаш месечно во рок од четири месеци. Закономерноста е јасна: неделна доза ивермектин дала 100% заштита, додека месечна доза дала 91% заштита. Токму затоа, докторите од FLCCC групата познати по нивната систематска рецензија на целата достапна литература за ивермектин, го развија I-MASK+ протоколот за профилакса и ран амбулантски третман, чиј дел за пред-експозициска профилакса препорачува во првите 2 и пол месеца, честотата да биде еднаш неделно, а потоа да се намали на една доза во две недели. Ова претставува некаков оптимален однос помеѓу нивото на заштита и честотата на земање ивермектин.
Збирната ефикасност од сите четири студии заедно е 96,5%. Ова значи дека ивермектинот може да даде иста или дури и подобра заштита од вакцините на Фајзер и Модерна. И не помалку важно е да се нагласи дека ова е статистички значаен резултат затоа што p-вредноста е помала од 0,001, а тоа значи дека веројатноста заштитната моќ на ивермектинот да е резултат на случајност е помала од 1 во 1000.
Додека ја чекаме вакцината, уште многу луѓе ќе умрат поради тоа што нема лек. Ивермектинот е безбеден мост до вакцината. За да не се разбере погрешно дека ивермектинот се форсира како замена за вакцина, ќе го цитираме твитот на групата американски доктори по интензивна и критична нега, FLCCC:
"Да бидеме 100% јасни. Ова не е "или" ивермектин "или" вакцина. Ова е ивермектин за да не умрете од ковид-19 додека ја чекате вакцината. #FollowtheScience"
To be 100% clear: This isn't "either" ivermectin "or" a vaccine.
This is ivermectin so that you do not die from COVID-19 while waiting to get the vaccine. #FollowtheScience— Frontline Covid-19 Critical Care (@Covid19Critical) December 22, 2020
И како шлаг на торта за овој напис, денеска излезе веста дека ивермектинот конечно доаѓа во Македонија. Да се надеваме дека наскоро ќе почне да се применува и во болнички, но пред сè во амбулантски протокол, на пример усвојувајќи го I-MASK+ протоколот со цел брзо и повеќекратно намалување на стапката на хоспитализација и стапката на смртност.