Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов – 13/14 декември
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 13.12.2020 - 10:15

Во овој времеплов го славиме роденденот на ТВ Скопје и на иноваторот Ернст Сименс. Покрај ова го одбележуваме откритието на Нов Зеланд, детектирањето на најсјајната експлозија на нова во 20. век и освојувањето на Јужниот Пол.

13.12.1642 – Откриен е Нов Зеланд

Холандскиот навигатор Абел Тасман го забележал Јужниот Остров од Нов Зеланд, а потоа погрешно верувајќи дека теснецот на северниот дел од островот е всушност залив, сметал дека го нашол западниот брег на хипотетичкиот јужен континент. (Н. С.)

13.12.1934 – Детектирана е Нова Херкулис 1934

Нова Херкулис (Nova Herculis, DQ Herculis), една од најсјајните нова експлозии детектирани во дваесетиот век, била забележана во соѕвездието Херкулес од страна на британскиот астроном аматер Џ.П.М. Прентис (J.P.M. Prentice).

Нова Херкулис постигнала привидна оптичка магнитуда од 1.4 и била видлива и со голо око во времетраење од повеќе месеци. Во центарот на експлозијата е откриен бинарен пар од мали ѕвезди кои орбитираат една околу друга за време од 4 часа и 39 минути. Една од ѕвездите на бинарот е бело џуџе кое при забрзаната ротација собира акрециски материјал од неговиот придружник.

Како куриозитет да ја споменеме и теоријата на Бред Рика, професор по англиски јазик на универзитетот Кејс Вестерн Резерв (Case Western Reserve University), којшто предлага дека експлозијата на НоваХеркулис веројатно влијаело на создавањето на приказната за потеклото на еден од првите суперхерои во доменот на стрипот – Супермен (Н. С.)

 

13.12.1816 – Роден е Ернст Вернер фон Сименс (Ernst Werner von Siemens), познат германски инженер, иноватор и индустријалец. Починал во 1892 година. (Т. С.)

 

14.12.1964 – Роденден на скопското телевизиско студио

Од импровизирано студио (лимен хангар) во кој имало две маси за спикерите и најавувачката, една камера и уште една резервна камера (земени од подарената англиска репортажна кола), со мобилна врска од колата до предавателот на пунктот Црн Врв, во 18.15 часот во “живо” се емитувал првиот ТВ-весник на македонски јазик од скопското студио, во траење од 20 минути. Со ова започнало редовното емитување на сопствена програма од сопствено студио,којашто во почетокот се емитува пет дена во неделата.

Биле создадени доволен број емисии и репортажи за предвидените термини, а детските куклени и образовни емисии се емитувале “во живо”'. Во 20 часот, се вршело вклучување во заедничката програма на Југословенската Радио Телевизија – ЈРТ. (Д. М.)

 

14.12.1911 – Роалд Амундсен пристига на Јужниот Пол

Еден од најпознатите истражувачи на поларните региони е норвежанецот Роалд Амундсен (Roald Amundsen). Во јуни 1910 година тој запловува од Норвешка и се упатува кон Антарктикот, а на 14 декември 1911 година ќе стане првиот човек кому му успеало да дојде до Јужниот Пол. (Н. С.)

Клучни зборови:
Теснецот меѓу двата острови на Нов Зеланд

Теснецот меѓу двата острови на Нов Зеланд

Маглината DQHerculis

Маглината DQHerculis, остаток од експлозијата на нова забележана во 1934 година

Две фотографии од Nova Herculis направени во март 1935 година (лево) и во мај истата година 1935 (десно)

Две фотографии од Nova Herculis направени во март 1935 година (лево) и во мај истата година 1935 (десно)

Студио Скопје започнува да емитува свој ТВ дневник

Студио Скопје започнува да емитува свој ТВ дневник

Монтирање на опрема на Пелистер

Монтирање на опрема на Пелистер

Двете репортажни коли од RAI и BBC добиени како подарок по земјотресот во 1963 година

Двете репортажни коли од RAI и BBC добиени како подарок по земјотресот во 1963 година

Славниот норвешки истражувач Роалд Амундсен

Славниот норвешки истражувач Роалд Амундсен

Експедицијата на Амундсен го поставува норвешкото знаме на Јужниот Пол

Експедицијата на Амундсен го поставува норвешкото знаме на Јужниот Пол

Научната истражувачка станица Скот-Амундсен сместена на Јужниот Пол

Научната истражувачка станица Скот-Амундсен сместена на Јужниот Пол