Во овој времеплов одбележуваме 75 години од основањето на УНЕСКО, лансирањето на рускиот спејс-шатл Буран и лансирањето на сондата Венера 3. Го одбележуваме и денот кога Мајкрософт го лансираше Xbox и кога се појави првиот комерцијален оглас за еден микропроцесор. Покрај ова го славиме и роденденот на францускиот математичар, механичар, физичар, филозоф и музички теоретичар Жан Даламбер.
15.11.1971 – Се појавува првата реклама за микропроцесор
Првиот рекламен оглас за микропроцесор, поточно за процесорот Intel 4004, се појавува во списанието Electronic News. Чипот го дизајнираше тим од четири лица во Интел, компанија основана од Гордон Мур и Роберт Нојс неколку години порано. Инженерите на Интел, Федерико Фагин, Тед Хоф, Стен Мазор и Масатоши Шима, го дизајнирале 4004 додека работеа врз сопствен дизајн на колото за Бусиком, јапонскиот производител на калкулатори. (И. З.)
15.11. 1988 – Советите ја лансираат својата верзија на спејс-шатл
Советскиот Сојуз го лансираше во вселената Буран (Виулица), летало кое по сите нишани наликуваше на американскиот вселенски шатл. Шатлот беше лансиран без човечки екипаж, орбитираше околу Земјата во времетраење од 206 минути по што беше успешно вратен назад со помош на автоматско слетување. Ова ќе биде првиот и единствен лет на Буранот. Програмата набргу ќе биде укината, пред воопшто да биде реализиран уште еден лет. Самото летало ќе настрада при колапс на хангарот во 2002 година. Повеќе за Буран може да прочитате во ЕМИТЕР 11/2006 во написот “Буран – руски спејс-шатл”. (Н. С.)
15.11.1630 – Почина Јохан Кеплер
Јохан Кеплер (Johannes Kepler)е познат германски математичар и астроном. Најпознат е по откритието на движењата на планетите што е основа за формирање на теоријата за универзалната гравитација од Исак Њутн. (Т. С.)
15.11. 2001– Мајкрософт ја лансира гејмерската видеоконзола Xbox
Xbox, конзолата за видеоигри е дело на компанијата Мајкрософт и претставува прв хардверски “потфат” на оваа компанија на полето на видео-играчките конзоли. Конзолата е одговор на веќе постоечките популарни конзоли на Сони и Гејмкјуб. Времето ќе покаже дека ова беше чекор во вистинска насока. Борејќи се за дел од пазарот со веќе етаблираните PlayStation 2 и Nintendo, XBox низ годините ќе креира сопствена фан-база на гејмери корисници. Интересно е и тоа што XBox е првата играчка конзола од американски производител по речиси цела деценија од лансирањето на Atari Jaguar во 1993г. (Н. С.)
16.11.1717 – Роден е Жан Даламбер
Жан-Батис Лерон Даламбер (Jean-Baptiste le Rond d'Alembert) е прочуен француски математичар, механичар, физичар, филозоф и музички теоретичар. Студирал филозофија, право и уметност на познатиот Јансенитски колеџ “Четири нации”, каде што се стекнал со диплома по уметност во 1735 година. Во 1743 година го објавува капиталното дело “Договор за динамиката” (Traité de dynamique), во кое ги објавил резултатите од своите истражувања за законите за движењето. Ова е капитално теоретско дело без кое модерната динамика (механика) не може да се замисли. Исто така, познат е и по своите математички истражувања во сферата на диференцијалните равенки и парцијалните изводи. Умира на 27.10.1783 година. Поради изразеното противење кон црквата и атеизам, бил закопан во необележан гроб. (Т. С.)
16.11.1965 – Советскиот Сојуз го лансира леталото Венера 3
Леталото Венера 3 беше упатено кон, точно претпоставувате, планетата Венера. Венера 3 ќе биде првото летало направено од човек што слетало, или во случајов поточно се срушило, на друга планета. Се претпоставува дека Венера 3 се обиде да слета на површината на Венера на 1 март 1966 година, но густата атмосфера на оваа планета го уништила леталото. (Н. С.)
16.11.1945 – Формиран е УНЕСКО
УНЕСКО (UNESCO) e специјализира агенција на Обединетите Нации чијашто основа цел е да придонесува за мирот и стабилноста промовирајќи соработка меѓу нациите преку образованието, науката и културата какo мeтoд за подобрување на универзалното почитување на правдата, законите, човековите права и основната слобода.
Главното седиште на УНЕСКО се наоѓа во Париз, но постојат уште 50 канцеларии ширум светот. Досега организацијата има 191 земја членка. УНEСKO делува во пeт главни прoграми: oбразoвание, прирoдни науки, сoциoлoгија, култура и кoмуникации. УНEСKO спoнзoрира прoeкти за писмeнoст, развoј на тeхниката и пeдагoгијата, интeрнациoнални науки, прoeкти поврзани со регионалната културна историја, прoeкти со кои с промовира културната разноликост и програми кои ги поддржуваат меѓународните договори за заштита на светското културно наследство.
Република Македонија стана членка на УНЕСКО на 28 јуни 1993 година. Под заштита на организацијата кај нас е регионот на Охрид со неговите културни, историски и природни реткости. (Н. С.)