Рубрика: Информатика
Отворени, бесплатни работилници за ИТ вештини за деца
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 05.10.2020 - 12:30

Детскиот едукативен центар за обуки за програмирање Едуфронт ги повикува сите заинтересирани деца од 10 до 14 години да се приклучат на бесплатните отворени работилници преку кои би можеле да ги осознаат основите за креирање веб-апликации и за програмирање во Python. Работилниците ПрограмИграм со Python и ПрограмИграм со HTML/CSS & JavaScript ќе се одржат со помош на платформата Zoom, а се закажани за овој четврток и петок од 18 часот.

На првата работилница, на 8 октомври децата ќе се запознаат со ПрограмИграм со HTML/CSS & JavaScript каде преку игра и интерактивни задачи секој учесник ќе успее да го види процесот на создавање и на своја веб-страна.

Во обуката ПрограмИграм во HTML/CSS/JS се изучуваат скрипт јазиците HTML, CSS и програмскиот јазик JS преку користење на едукативната платформа codemoji.com. Секое дете ќе има пристап до платформата codemoji.com и активностите на неа преку свој кориснички профил. Со оваа обука децата ќе ги усвојат основите на изработка на скрипти во HTML и CSS преку интересен и лесно разбирлив метод, ќе ги комбинираат знаењата од HTML и CSS и примена на двата јазици за да се создаде стилизирана веб страница. Исто така ќе ги усвојат основите на програмирањето во JS и ќе знаат да изработат игра и апликација со сите научени скрипти и јазици. Обуката е наменета за деца од 10 до 14 години.

Работилницата во петок, 9 октомври, е посветена на програмискиот јазик Python. Сите учесници ќе се запознаат кои се можностите за изработка на алгоритми со ПрограмИграм со Python.

Во обуката ПрограмИграм во Python се изучува програмскиот јазик Python преку користење на иновативни методи. Овaa обука ќе им обезбеди на учениците забавен начин да научат вештини за кодирање. Концептите се објаснети на толку едноставен начин што секој може да научи да кодира. На крајот на обуката, учениците ќе можат да прават едноставни пресметки, да прават списоци и да научат како програмирањето може да се стави во практична употреба. Обуката е наменета за деца од 10 до 14 години.

Од ЕДУФРОНТ ги охрабруваат сите заинтересирани родители и деца да се пријават за посета на работилниците и да дознаат повеќе за кариерите што можат да им го променат животот на подобро.

Едуфронт e едукативен центар за компјутерско образование посветен на поттикнување на способностите за решавање на проблеми и иновативниот дух и развивање на дигиталната писменост кај децата од најрана училишна возраст.

Иновативните процеси им помагаат на децата да го трансформираат она што го учат во сопствените пронајдоци. За време на програмите, децата се запознаваат со прототипови, дизајнирање, тестирање и итерација, како и сите важни аспекти на процесот на иновации. Наставата ја водат едукатори кои знаењето до учениците го пренесуваат преку напредни методологии на забавен начин.

Досега Едуфронт континуирано придонесува со бесплатни онлајн сесии со едукатори, психолози и родители – над 2200 гледачи во живо ја следеа отворената сесија со Бојана Стојменовиќ од Мој Психолог и Гордана Мишевска, сопственик на Едуфронт, каде се водеше разговор за навремена дигитална адаптација на едукаторите, родителите и децата кон новонастанатите предизвици. Ова корисно видео може да го погледнете тука.

ПрограмИграм™ e заштитена трговска марка на Едуфронт од кои најпознатите и најбараните различни програми за деца од 6 до 14 години се за ПрограмИграм Мини во Scratch Jr., ПрограмИграм во Scratch, ПрограмИграм во HTML/CSS/JS и Програмирам во Python.

Освен гореспоменатите работилници Едуфронт работи и со програмата ПрограмИграм во Scratch со која се изучува програмскиот јазик Scratch преку користење на наставната програма Creative Computing Curriculum

 развиена од Harvard Graduate School of Education. Се работи за збирка на идеи, стратегии и активности кои овозможуваат воведно искуство во креативната работа со компјутери користејќи го програмскиот јазик Scratch. Обуката е наменета за деца од 8 до 12 години.

Групите на ученици за секоја обука се состојат од 6 до 8 деца. Часовите се оддржуваат онлајн, со користење на платформата Zoom за комуникација и присуство на наставник којшто го води часот и ја следи работата на учениците.

Повеќе информации на www.edufront.mk

 

--- промотивен текст ---

Клучни зборови: