Рубрика: Медицина
Ивермектинот го прави Ковид-19 смртоносен колку сезонскиот грип
Автор: Марјан Божиновски
Објавено на 14.09.2020 - 20:15

Да претпоставиме дека терапијата врз база на ивермектин ќе почне да се применува во амбулантски услови, т.е. ќе се третира секој новопотврден инфициран, како и секој хоспитализиран со Ковид-19.

Има две клучни прашања:

1. Колкав е ризикот од смрт на човек инфициран со SARS-CoV-2 (infection fatality rate, IFR) и третиран со терапија врз база на ивермектин?

2. Дали и колку е поголем/помал од ризикот од смрт на човек инфициран со сезонски грип?

Прво, од литературата знаеме дека ризикот од смрт на потврден случај (case fatality rate, CFR) на грип е проценет на 0,1%, додека IFR на грипот е 0,05% или дури 0,025% поради големиот број непотврдени и асимптоматски случаи.
Сега, останува да најдеме начин да ја процениме IFR на SARS-CoV-2 за третирани со ивермектинска терапија. Но, мора да почнеме со CFR, па потоа да ја пресликаме во IFR.

Според податоците на проф. Тарек Алам од Универзитетската болница во Бангладеш (Bangladesh Medical College Hospital) добиени од лекувањето на околу 500 пациенти, доколку ивермектинската терапија се дава во раната фаза на болеста (во првите неколку дена од појавата на симптоми), стапката на хоспитализација е околу 2%, односно 98% од потврдените случаи третирани со терапија врз база на ивермектин ќе се излекуваат во домашни услови. Значи, дома никој не умира.

Од друга страна, според една германска студија, 20% од хоспитализираните ковид пациенти починуваат и покрај најдобриот третман во болниците.
Според американската студија од Флорида, стапката на смртност на хоспитализираните била намалена за 40% со помош на ивермектинската терапија.

Следува дека стапката на смртност на хоспитализираните може да се намали од досегашните 20% на 12% со помош на ивермектинска терапија.

Оттука, CFR на SARS-CoV-2 за луѓе третирани со терапија врз база на ивермектин во болница би бил 12% од 2%, или еднакво на 0,24%. За споредба, моментално, светската CFR е околу 3,2%, а македонската е околу 4,1%. Се забележува разлика од 4,1% до 0,24%, нели?

CFR ја проценивме, но како да ја пресликаме во IFR?

Треба да се потсетиме дека разликата меѓу CFR и IFR е во именителот на дропката. Kaj CFR, именителот е вкупниот број на потврдени случаи, додека кај IFR именителот е вкупниот број на инфицирани случаи. Можеме ли да најдеме врска меѓу овие два? За среќа, можеме. Да не одолговлекувам, тој сооднос е околу 10 пати. Да, 10 пати. Овој резултат е потврден во две студии. Првата за Њујорк од мај, втората за Стокхолм од мај.

Тоа значи дека бројот на инфицирани e околу 10 пати поголем од бројот на потврдени инфицирани со SARS-CoV-2. Како да се објасни толкава разлика? Едноставно, најголемиот број инфицирани не се тестирани ‒ невозможно е да се тестираат сите.

Да сумираме, бројот на инфицирани случаи е приближно 10 пати поголем од бројот на потврдени позитивни случаи и затоа, IFR е 10 пати помалa од CFR, или 0,24% намалена за 10 пати се сведува на 0,024%.

 

Заклучок: ако сите новопотврдени и хоспитализирани инфицирани пациенти се третираат со ивермектинска терапија, ризикот од смрт при инфекција со SARS-CoV-2 се сведува на 0,024%, што е приближно еднакво на најмалиот ризик (0,025%) од смрт од инфекција со сезонски грип.

Клучни зборови: