Астрономите досега го сметаа раниот универзум како диво место каде владе беззаконието, со хаотични и едвај формирани галаксии исполнети со вртлози од гасови и ѕвезди во процес на формирање на секој чекор. Токму затоа, сликата објавена вчера од страна на ЕСО е вистинско изненадување. А на сликата е прикажана млада галаксија која неверојатно наликува на нашиот мирен и ‘среден’ Млечен пат, забележана на оддалеченост адекватна на времето кога универзумот бил на едвај 10% од сегашната возраст, што изгледа неверојатно како нашиот мирен и уредено млечен пат.
Да се распознаат галактичките карактеристики на оддалеченост од 12 милијарди светлосни години воопшто не е лесна задача. Ова може да биде проблем дури и за извонредно чувствителната мрежа од 66 радиотелескопи АЛМА кои работат како единствен инструмент, сместен високо во чилеските Анди. Астрономскиот тим ги користел архивските податоци добиени од АЛМА во 2017 година, за да ја разгледаат далечната галаксија со ознака SPT–SJ041839–4751.9, или едноставно SPT0418–47, онаква каква што таа била во нејзината млада возраст, 1,4 милијарди години по Големата експлозија, односно по Биг Бенгот.
Меѓу SPT0418-47 и нас, на Земјата, има уште една друга галаксија сместена во директно во линијата на нашиот поглед. Масата на оваа поблиска галаксија делува како гравитациска леќа, превиткувајќи ги светлинските зраци кои потекнуваат од SPT0418-47 на нивниот пат кон Земјата. На овој начин АЛМА можеше да добие ‘почиста’ слика и појасен поглед. Како што може да се забележи од сликата во прилог оваа “под лупа” добиена слика на прв поглед наликува на огнен прстен (на сликата). Но, со користење на компјутерско моделирање за реконструкција на изгледот на SPT0418-47 астрономите добиле појасна слика.
Слика од галаксијата SPT0418–47 видлива преку т.н. гравитациска леќа (лево) и реконструкција на изгледот на истата галаксија (десно)
Во трудот објавен оваа недела во Nature, тие откриваат дека галаксијата има ротирачки диск и испакнатина околу нејзиниот центар исто како и Млечниот пат. Досега се сметаше дека ваквите карактеристики се формираат многу подоцна во галактичката еволуција.
Ова и сличните откритија ги натераа астрономите уште еднаш да го разгледуваат прашањето за еволуцијата на галаксиите и како е можно да еволуираат во волку развиена форма за толку краток временски период од настанокот на универзумот.