Рубрика: Аудио и видеотехника
GoPro за бубачки
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 21.07.2020 - 15:00

Научниците создадоа минијатурна роботска камера која може да се прицврсти на грбот од инсектот, овозможувајќи поглед на светот од перспектива на бубачката.

Камерата за бубачки, во GoPro стил, е дело на американските научници од Универзитетот во Вашингтон. Тешка е едвај 250 милиграми, функционира со блутут, а снима со брзина од пет слики во секунда. Камерата за бубачки би можела да најде широк спектар на орактична примена, но воглавно би се користела при истражувања во областа на биологијата.

Видео-снимката од камерата се испраќа на мобилен телефон. Аголот на снимање е до 60 степени, а батериите што се користат се ултралесни, бидејќи камерата троши минимални количини енергија. Засега снимките од камерата се во црно-бела техника.

Соер Фулер, асистент на универзитетот во Вашингтон и професор по машинство, којшто учествувал во создавањето на оваа камера, ги нагласи предностите од користење на ваква камера при истражувањето на животот на бубачките, на пример. Во таа насока тој посочува дека: “Одредени видови муви поседуваат сосема мал регион во нивните сложените очи којшто овозможува вид со висока резолуција. Тие целосно ја свртуваат главата за да го насочат погледот кон објектот што сакаат да го видат со дополнителна јасност, на пример, при бркање на плен или некоја слична ситуација. Со овој систем инсектот ја троши значително помалку енергија споредено со поседувањето HD-вид низ целото видно поле.“

Академиците го реплицирале овој систем на гледање и кај малата, ултра-моќна црно-бела камера, којашто може брзо да го менува видното поле со помош на механичка рака.

Викрам Ајер, еден од водечките автори, вели дека: “Една од предностите на подвижната камерата е тоа што овозможува широкоаголен поглед на тоа што се случува пред неа, без да се троши големо колчество на енергија. На тој начин можеме да следиме подвижен предмет без да се троши енергија за проместување на целиот робот.

По градбата на овој минијатурен систем за снимање, истражувачите прицврстиле два вакви уреди на две бубачки од различен вид, за кои знаеле дека се доволно силни да ја понесат тежината од склопот. На обете бубачки уредот воопшто не им пречел и се движеле слободно.

Членовите на тимот се надеваат дека идните верзии на робо-камерата ќе трошат уште помалку енергија и дека ќе можат да ги оспособат за работа на соларен погон. И покрај загриженоста поради можната злоупотреба на овие минијатурни камери, истражувачите се можне возбудени од првичните резултати и нагласуваат дека сега за прв пат биле во можност да го гледаат светот токму онака како што го гледа една бубачка, и од оваа перспектива да ги следат нивните реакции во одредени ситуации, брзината на движење, однесувањето...

Резултатите од истражувањето се објавени во магазинот Science Robotics.

Клучни зборови: