Рубрика: Омнибус
Трагачи – најдобра ученичка компанија во Македонија
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 29.06.2020 - 14:00

На 23 јуни се одржа церемонијата за прогласување на победниците на натпреварот за најдобра ученичка компанија на Junior Achievment Македонија. Оваа учебна година 2019/2020 на официјалната церемонија за доделување награди во рамки на Националниот натпревар за најдобри ученички компании средното училиште СУГС "Владо Тасевски" од Скопје беше избрано за најпретприемничко училиште во државата, а ученичката компанија “Трагачи“ го освои третото место во конкренцијата ученички компании.

Ученичката компанија “Трагачи“ беше создадена од страна на група ученици во месец септември 2019 година. Преку анализирање и испитување за тоа кои се најголемите проблеми со кои тие се соочиле на почетокот од нивното образование образование во СУГС “Владо Тасевски”.

Еден од најголемите проблеми кај учениците со послаб успех е реализирањето на практичните вежби на часовите по практична настава. Токму затоа Трагачите сметаа дека треба да им помогнат и да им посветат повеќе внимание на нивните соученици при реализирањето на вежбите, бидејќи кај мал дел од нив не им било доволнo само објаснувањето на часовите.

Согласно добиената анализа го согледале проблемот и дошле до решение да го споделат и пренесат нивното знаење преку изработка на видео туоријали, коишто со поставување на нивниот веб-сајт стануваат достапни за сите ученици кои имаат потреба од нив, независно дали се во нивното школо или во некое од другите средни стручни училишта. На овој начин на учениците во иднина ќе можат многу полесно и поефикасно да ги реализираат вежбите и да стекнат подобро искуство во нивната понатамошна професионална ориентација.

На веб-сајтот https://seekerservices.weebly.com/ веќе се објавени видеа од практични вежби од електротехничка струка, а во иднина би сакале тоа да го направат и учениците од другите струки. Во секое видео учениците најнапред ќе ги наведат потребните елементи за изработка на соодветната вежба за потоа да ја објаснат и постапката за нејзино извршување.

Со цел да се обезбеди стопроцентна сигурност и безбедност на објавените видео туторијали како администратори на веб-сајтот се поставени наставниците-ментори Весна Живаљевиќ и Катерина Малова Младеновска, кои ќе ги прегледуваат а потоа и ќе ги објават снимените видеа.

Земајќи го предвид фактот дека со новите реформи во електротехничката струка ќе се изучува и предметот “видеотехника“, се добива единствена можност практично да се спроведе ученичкиот проект од овој предмет во сите наредни учебни години. На овој начин би се оствариле долгорочни придобивки за сите идни генерации во сите средни стручни училишта. Целта е на веб-сајтот да се создаде дигитална видео библиотека која ќе им биде достапна на сите ученици со што тие ќе стекнат поголеми знаења, вештини и самодоверба во изведувањето на практичните вежби. Снимањето што поголем број видеа ќе помогне не само во преносот на стекнатото знаење, туку на овој начин ќе им се помогне и на сите идни генерации во изведувањето на практичните вежби.

Клучни зборови:
Учениците вклучени во ученичката компанија Трагачи

Учениците вклучени во ученичката компанија “Трагачи“ 

Професорите ментори Весна Живаљевиќ и Катерина Малова Младеновска

Професорите ментори Весна Живаљевиќ и Катерина Малова Младеновска