Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 16.6.2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 16.06.2020 - 22:15

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови го одбележуваме првиот лет на жена во вселената, првата кинеска во вселената и основањето на автомобилскиот гигант Форд.

 

16.6.1966 – Успешен лет на првата жена во вселената

До 1962 година, Советската вселенска програма веќе оствари неколку подвизи пред истото да го сторат Американците – во октомври 1957 година тие го лансираа првиот вештачки сателит Спутник 1 во ниска орбита околу Земјата, а во април 1961 година Јуриј Гагарин стана првиот човек (и маж) што бил во вселената. Сега Советите сакаа да бидат први коишто успешно ќе лансираат жена во вселената.

Успешниот женски кандидат требаше да биде помлада од 30 години, да е пониска од 170 cm,  да не тежи повеќе од 70 кг и, по можност да биде падобранка или пилот. Од стотици пријавени, во потесниот избор за жени-космонаути влегоа Татјана Кузњецова, Ирина Соловиова, Валентина Пономариова, Жана Јоркина и Валентина Терешкова. Секоја од овие жени ја заврши исцрпувачката обука којашто вклучуваше тестови за изолација, бестежински летови, скокови со падобран, возења на центрифуга и пилотска обука. Откако завршија обуките и тестовите, на крај од сите пет за првиот лет во вселената беше избрана Валентина Терешкова.

Утрото на 16 јуни 1963 година, Восток 6 беше беспрекорно лансиран од космодромот Бајконур. Во капсулата се наоѓаше Валентина Терешкова која стана првата жена што била во вселената. Терешкова направи 48 круга околу земјата за 70,8 часа, колку што траеше нејзиниот лет во космосот. Нејзината мисија беше типична за мисиите на космонаутите од тој период – водење дневник, фотографирање и “глумење” заморче. Имено при летот на сите космонаути се отчитувале и забележувале биометриски податоци за да се утврдат ефектите од летот на вселената човечкото тело. Биометриските податоците земени од Терешкова беа споредени со податоците од машкиот космонаут, Валери Ф. Бијковски кој беше лансиран два дена претходно со леталото Восток 5.

Следниот космонаут-жена, Светлана Савитскаја ќе чека цели 19 години за да полета во орбитата и да стане втора жена во вселената. (Н. С.)

 

16.6.2012  – Лиу Јанг стана прва кинеска во вселената

Јанг беше дел од тричлениот екипаж лансиран со вселенската капсула Шенжу 9. Јангм заедно со командантот Џинг Хаипенг и операторот Лиу Ванг го спроведоа првиот успешен докинг на капсула со човечки екипаж со вселенскиот модул Тиангонг 1. Лиу Јанг, којашто пред да стаме дел од кинеската вселенска програма беше пилот на карго авиони во армијата на НР Кина, на оваа мисија беше задолжена за спроведување на експерименти од областа на медицината. (Н. С.)

 

16.6.1903 – Основана е компанијата Форд

Компанијата Форд е американска корпорација за производство на автомобили основана од страна на Хенри Форд и уште 11 инвеститори. Во 1919 година семејството Форд, преку акциите на Хенри Форд, неговата жена Клара и синот Едзел нивн добива целосна контрола на компанијата. Тие, нивните наследници и Фондацијата Форд ќе бидат единствените акционери во компанијата сè до 1956 година кога за првпат акции од Форд ќе бидат понудени на берзата.
Компанијата е еден од најголемите производители на автомобили, камиони и трактори, како и автомобилски делови и додатоци. Седиштето на корпорацијата е сместено во Дирборн, Мичиген, САД. (Н. С.)

Клучни зборови:
Валентина Терешкова пред летот

Валентина Терешкова пред летот

Во капсулата Восток 6

Во капсулата Восток 6

Терешкова денес

Терешкова денес

Првата жена тајконаут Лиу Јанг

Првата жена тајконаут Лиу Јанг

Седиштето на компанијата Форд

Седиштето на компанијата Форд

Производна лента од 30-тите години на минатиот век во фабриката на Форд во Детроит

Производна лента од 30-тите години на минатиот век во фабриката на Форд во Детроит 

Современа производна лента во фабриките на Форд

Современа производна лента во фабриките на Форд