Вселенскиот телескоп Хабл на НАСА / ЕСА не седи мадро. Додека другите се подготвуваат да го одбележат неговиот 30-ти роденден, Хабл си го прослави јубилејот работно :).
Новите фотографии им овозмина на астрономите досега најостар поглед од распадот на кометата C / 2019 Y4, наречена АТЛАС. На 20 април телескопот фати околу 30 фрагменти од оваа кревка комета и 25 парчиња на 23 април.
АТЛАС беше откриена во декември минатата година и многу бргу потоа го зголеми својот сјај, сè до средината на март, што наведе некои астрономи да предвидат дека кометата ќе стане видлива и со голо око најдоцна до мај. Се очекуваше ова да биде една од најспектакуларните комети забележани во последниве две децении.
Но, сјајот на кометата ненадејно почна да се затемнува, а нејзината фрагментација ја потврди астрономот аматер Хосе де Кеирос (Jose de Queiroz), кој на 11 април фотографираше три парчиња.
Новите набљудувања на Хабл откриваат дека раскршените парчиња се обвиткани во опашката од прав и тие даваат дополнителни докази дека фрагментацијата е веројатно вообичаен и можеби и доминантен процес во смртта на цврстите, ледени јадра на кометите.
Кометата АТЛАС во моментов се наоѓа на оддалеченост од околу 145 милиони километри од Земјата. На 23 мај ќе биде на најблиско растојание до Земјата, на оддалеченост од околу 115 милиони километри, а осум дена подоцна ќе помине на 37 милиони километри од Сонцето.