Рубрика: Информатика
Google планира да издаде сопствена дебитна картичка
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 21.04.2020 - 17:15

Неколку извори, добро упатени во случувањата во финансискиот и технолошкиот сектор, за сајтот TechCrunch дале повеќе наговестувања дека наскоро Google може да зачекори во сферата на финанскиските технологии.

За што се работи?

По услугата Google Pay, која овозможи дигитално бесконтактно плаќање со телефон,  односно онлајн и peer-to-peer плаќање со традиционална кредитна картичка, Google планира да издаде сопствена дебитна картичка. Овој технолошки гигант на овој начин планира да ги прошири можностите на Google Pay, следejќи го чекорот на постојаниот конкурент Apple, кој, како што веќе пишувавме, минатата година ја воведе својата Apple Card.

За целите на овој проект Google наводно соработува со неколку американски банки, а штом картичката биде лансирана планирано е нејзино поврзување со услугата Google Pay. На овој начин Гугл ќе се обиде да ги придобие корисниците да ја користат неговата картичка Google Card преку нивниот систем за мобилно плаќање. Ова би овозможило широка примена и зголемена присутност на Google во паричникот на своите корисници.

За разлика од Apple Card, која во основа претставува кредитна картичка, Google засега планира воведување на дебитна картика, но се очекува и таа да доне нови приходи и нови корисници. Освен плаќањето со телефон и физичката дебитна картичка, Google преку својата нова финансиска апликација би овозможил и следење на потрошувачката, праќање пари на пријатели и други современи fintech услуги , налик на оние кои ги нудат Revolt и сличните сервиси.

Клучни зборови: