Рубрика: Информатика
Кредитната картичка на Apple и криптовалутите
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 02.09.2019 - 10:00

На интернет страницата на банката Goldman Sachs, којашто екслузивно ќе ги издава новите кредитни картички на Apple, наречени Apple Card, се појави договор којшто открива некои интересни детали за користење на новите услуги.

Оваа кредитна картичка треба да стане достапна за корисниците во текот на месец август оваа година, а тие кои ќе се решат да ја користат имаат можност за купување и собирање на "cash back" готовина, но ќе мораат да платат и многу висока камата (13,24 – 23,24%) што е вообичаено за САД. Тоа се, отприлика, карактеристики што веќе ги знаевме. Но, банката Goldman Sachs открива и некои други услови за користење.

Картичката Apple Card нема да може да се користи за купување парични еквиваленти во кои спаѓаат криптовалутите, жетоните за коцкање, лозовите за лотарија и обложување, и слични други трансакции. Една картичка не можат да ја користат повеќе личности, бидејќи секоја од нив ќе биде поврзана со компјутерот и iPhone телефонот на корисникот, а тој iPhone не смее да користи Jailbreak. Сите корисници кои ќе прават неовластена промена на софтверот или хардверот на iPhone-от, ќе бидат исфрлени од програмата за користење на кредитната картичка Apple Card, се наведува во правилникот за користење.

Клучни зборови: