Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 18/19/20.4.2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 19.04.2020 - 22:30

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ги одбележуваме настаните од науката и техниката што се случиле на денешен ден. Изборот на настаните и коментарите се на нашите стручни соработници.

 

18.4.1940 – Роден е Џозеф Голдштајн

Џозеф Голдштајн (Joseph Leonard Goldstein) е американски биохемичар и генетичар. Во 1985 година ја добива Нобеловата награда за медицина и физиологија, заедно со Мајкл Браун за нивните откритија врзани со метаболитичката регулација на холестеролот.

Тие откриле дека клетките го отстрануваат холестеролот од крвотокот со помош на липопротеините со ниска густина. Ова откритие ќе доведе до развој на статинските лекови со помош на кои се намалува холестеролот, а коишто милиони луѓе денес ги користат како редовна терапија. (Н. С.)

 

19.4.1975 – Лансиран е првиот индиски сателит

Во 1975 година Индија успешно го лансира во орбита нивниот прв сателит Арјабата со помош на советската ракета Интеркосмос.

За оваа цел Индија потпиша договор со којшто на Советскиот сојуз му беше дозвоелно користењето на индиските пристаништа како компензација за употребата на советските ракети за лансирање на нивните сателити. Првиот индиски сателит беше своевиден тест за нивните системи за следење но истовремено беше опремен со повеќе инструменти наменети за истражување на x-зраците и Сонцето. Сателитот со дијаметар од 2,4 метри, имаше облик на 26 стран полиедар, поплочен од сите страни со сончеви ќелии. И покрај големиот број сончеви ќелии, Арјабата остана без напојување по четири дена поминати во вселената, прекинувајќи ги сите експерименти. Сателитот остана во орбита до февруари 1992 година.

Инаку Арјабата е името на познатиот индиски математичар и астроном од 5 век. Неговата книга Aryabhatiya,којашто останала до денес, обработува низа теми од областите на алтебрата, рамнините, сферната тригонометрија, квадратните равенки и тригонометарските таблици. (Н. С.)

 

19.4.1971 – Лансирана е првата вселенска станица Саљут 1

Вселенската станица Саљут 1, на Советската вселенска агенција, е првата станица којашто овозможуваше подолг престој на астронаутите и изведување на експерименти во вселената. Вселенската станица се состоеше од три модули под притисок, коишто овозможуваа сè на сè 90 м3 простор за астронаутите. Истата година на станицата е инсталирана Орион 1 опсерваторијата за набљудувања во ултравиолетовото зрачно подрачје, прва од овој вид во вселената.

За престој на станицата беа предвидени 2 мисии, но првата мисија беше откажана по проблемите со автоматскиот систем за докинг. Втората мисија успешно се прикачи на станицата и овозможи престој на астронаутите во должина од 23 дена. Мисијата беше прекината по серија проблеми коишто кулминираа со пожар на електричната инсталација. Екипажот успеал да влезе во капсулата и да се упати кон Земјата. За жал, по слетувањето во Казахстан, сите три космонаути биле пронајдени мртви во внатрешноста на капсулата. Подоцнежната истрага покажала дека поради неисправен вентил којшто ја отворил капсулата и космонаутите биле изложени на надворешните услови во вселената. До несреќата дошло непосредно пред навлегувањето во атмосферата.

Советската вселенска програма се обиде да ги редизајнира капсулите Сојуз за поефикасен докинг како да им овозможи на космонаутите да носат соодветни вселенски костими. Но пред овие подобрувања да бидат завршени Саљут 1 почна да има проблеми со одржувањето на стабилна орбита, по што беше донесена одлука за контролирано рушење на станицата. Станицата навлезе во атмосферата по поминати 175 дена во орбита.  (Н. С.)

 

19.4.1912 – Роден е Глен Сиборг

Глен Сиборг (Glenn Seaborg) e американски хемичар заслужен за откритето на десет трансураниумски елементи и над 100 различни изотопи. Сиборг исто така го предложил и групното уредување за  елементите актиниди  во рамките на периодичниот систем. Групата ја сочинуваат следните елементи: плутониум, америциум, кириум, беркелиум, калифорниум, еинстеиниум, фермиум, менделевиум, нобелиум и елементот 106. Подоцна, во 1997, eлементот 106 во негова чест беше наречен сибориум. За овие откритија во 1951 година тој ја добива Нобеловата награда за хемија којашто ја дели со Едвин Мекмилан (Edwin McMillan).

Сите претходно наброени елементи се создадени на Универзитетот Беркли во Калифорнија, во тамошната Радијациска лабораторија.

Сиборг бил чест советник на американските претседатели на теми во врска со нуклеарната енергија, од Труман до Клинтон. Се залагал за договорите коишто поставуваат ограничувања и го контролираат нуклеарното оружје, какви што се Договорот за неширење на нуклеарно оружје и Договорот за ограничувае на нуклеарните тестирања. Се залагаше за мирнодопска примена на нуклеарната енергија, како кај нуклчеарните електрани, на пример. Во периодот од 1961 до 1971 година, Сиборг раководел со американската Комисија за атомска енергија.

Интересно е што Сиборг е единствериот човек којшто успеал да оствари патент за хемиски елемент. Всушност, Сиборг ги држел патентите за два хемиски елементи – кириумот и америциумот. (Н. С.)

 

20.4.1786 – Починал Џон Гудрики

Џон Гудрики (John Goodricke) е англски астроном познат по тоа што прв предложил дека ѕвездите со периодично променлив сјај  се всушност ѕвезди во чијашто орбита се наоѓаат други небески тела коишто повремено, при транзит, го затемнуваат сјајот и светлината од оваа ѕвезда.

Неговите истражувања на ѕвездата со променлив сјај Алгол, ќе му обезбедат прием во Кралското астрономско друштво, на само 4 дена пред неговата прерана смрт, на 21 годишна возраст. (Н. С.)

 

20.4.2004 – Починал Томислав Бундалевски, познат македонски инженер енергетичар

Роден е во Галичник на 30 април 1935 година. Дипломирал на Машинскиот факултет во Белград во 1960 година. Од 1960 до 1976 работи во Рудници и железара “Скопје“ – Скопје и во инженеринг ФАКОМ, како директор. Во 1962 година е избран за хонорарен наставник на Електро-машинскиот факултет во Скопје. Во 1981 е избран за редовен професор на Машинскиот факултет. Држел предавања и на Техничкиот факултет во Битола (1979 – 1982). Докторирал во 1981 година. Ја извршувал функцијата декан на Машинскиот факултет во Скопје (1983 – 1986). Во 1984 година бил на студиски престој во Франција. Член е на Комисијата за нуклеарна енергетика на СРМ, Одборот за енергетика на МАНУ, Претседател на Републичкиот комитет за енергетика итн. (Т. С.)

Клучни зборови:
Американскиот биохемичар Џозеф Голдштајн

Американскиот биохемичар Џозеф Голдштајн

Џозеф Голдштајн

Џозеф Голдштајн

Првиот индиски сателит Арјабата

Првиот индиски сателит Арјабата

Првиот индиски сателит Арјабата

Првиот индиски сателит Арјабата

Првиот индиски сателит Арјабата

Првиот индиски сателит Арјабата

Уметнички приказ на вселенската станица Саљут 1 во вселената

Уметнички приказ на вселенската станица Саљут 1 во вселената

Уметнички приказ на вселенската станица Саљут 1 во вселената

Уметнички приказ на вселенската станица Саљут 1 во вселената

Глен Сиборг

Глен Сиборг

Американскиот хемичар Глен Сиборг

Американскиот хемичар Глен Сиборг

Џон Гудрики

Џон Гудрики

Томислав Бундалевски

Томислав Бундалевски