Рубрика: Астрономија и астронаутика
Феномени што можете да ги видите деновиве на небото и да ве доведат во заблуда
Автор: Радан Митровиќ
Објавено на 17.04.2020 - 19:15

Планета Венера снимена од месноста Рамно на Скопска Црна Гора. Фотографија : Радан Митровиќ

Во овие денови на пандемија, принудени сме да седиме дома, во карантин. Исто така, овие денови кога времето е убаво, многумина од нас излегуваат на терасите или во дворовите, оние што имаат. Ако, притоа, седењето надвор продолжи до вечерните часови, почнуваме да се занимаваме со една одамна заборавена човечка активност, а тоа е набљудување на небото и небесните објекти. Но живееме во модерна технолошка ера, па така на небото немаме само небесни природни објекти, туку и вештачки, од човек направени објекти кои ги поставуваме во таканаречена ниска орбита од околу 300-400 километри над нашите глави и ни служат за разни работи долу на Земјата.

Овие денови добивме неколку пораки со прашања за “чудни“ објекти кои се движат по небото, па така ќе се обидам да ви ги објаснам овие мистерии, доколку сте ги имале.

Планета Венера снимена од месноста Рамно на Скопска Црна Гора. Фотографија : Радан Митровиќ

Прво е планетата Венера. Овие денови се наоѓа на запад кога ќе се стемни и како заоѓа, оди во правец север. Ги збунува луѓето со својот исклучително голем сјај. По Сонцето и Месечината, Венера е нешто најсјајно на небото и може дури и да се види и преку денот ако ја знаете нејзина точна локација. Во народот е позната како ѕвезда Деница или Вечерница, затоа што го навестува доаѓањето на денот или вечерта. Исто така над 50% од пријавувани НЛО се должат на погрешно интерпретирање на набљудувањето на Венера или просто на незнаење.

The “constellation” of Space X Starlink satellites was spotted in Derbyshire @MTNIELSON

SpaceX is set on Monday to launch its third batch of 60 mini-satellites into orbit, part of its plans to build a giant constellation of thousands of spacecraft that will form a global broadband internet system. PHOTO: EPA-EFE

Втори се сателитите, а особено новата класа на телекомуникациски сателити, таканаречени Старлинк сателитите од компанијата СпејсИкс (SpaceX). Се лансираат по 60 сателити одеднаш и досега се лансирани 5 ракети по 60 сателити. Во план е во иднина да бидат лансирани 12 000 (и со букви: дванаесет илјади) само во првиот налет, а потоа тој број ќе се мултиплицира многукратно, така што можеби во иднина ќе гледате многу повеќе сателити отколку ѕвезди. Овие сателити се движат по небото како некој воз, наредени еден по друг, и имавме многу повици и пораки напишани да им разјасниме на луѓето што е тоа што го гледаат на небото. Се надевам дека со ова делумно или целосно ќе им разјасниме мистеријата.

If you’re in the right place at the right time you have a good chance of spotting the ISS. (Flickr: Paul Willows)

Но не само овие сателити. На небото се гледаат многу други сателити и можете да ги познаете така што релативно бавно се движат и не трепкаат. Ако трепкаат, тогаш се работи за авион. Еден од најсјајните вештачки сателити е Меѓународната вселенска станица (МВС), која има сјај речиси колку Венера кога е блиску до нас.

Нашата галаксија Млечен Пат. Фотографија : Горан Петров

Ако се наоѓате некаде надвор од големи урбани средини каде што има големо светлинско загадување, можете да видите и еден долг облак кој се протега низ целото небо, кој во овој период е во раните утрински часови, а се работи за нашата галаксија Млечен Пат. Ако не сте го виделе, тогаш вреди и да се разбудите и да го видите. Ако не, почекајте лето. Тогаш ќе се гледа веднаш по стемнување и речиси цела ноќ ќе го гледате.

Јупитер, Сатурн, Марас и Месечина, снимени на 16ти април 2020та година околу 5ч на сабајле. Фотографија и обработка : Радан Митровиќ

Но ако сте се веќе разбудиле, тогаш останете да ги причекате трите планети пред изгрејсонце. Некаде по 3:30 часот наутро во правец на југоисток можете да видите три планети. Најсјајна е Јупитер, со млечен жолто-бел сјај, малку полево од неа е Сатурн и можете да го препознаете како послаба ѕвезда која не трепери со жолтеникава боја. Уште малку полево и малку подолу се наоѓа планетата Марс, кој лесно ќе го познаете оти светли со црвенкаста боја и исто така не трепери, за разлика од околните ѕвезди.

Се надевам дека успеав да ви разрешам некои од загатките ако сте ги имале деновиве. Ако се појават други нешта што ве збунуваат, слободно пишете ни на мејл или на нашата Фејсбук-страница, и ќе се обидеме да ви одговориме и да ве разувериме дека не се вонземјани.

Преземено од astronomija.mk

со дозвола од Скопското астрономско друштво

Планета Венера снимена од месноста Рамно на Скопска Црна Гора. Фотографија : Радан Митровиќ

Планета Венера снимена од месноста Рамно на Скопска Црна Гора. Фотографија : Радан Митровиќ

The “constellation” of Space X Starlink satellites was spotted in Derbyshire @MTNIELSON

The “constellation” of Space X Starlink satellites was spotted in Derbyshire @MTNIELSON

SpaceX is set on Monday to launch its third batch of 60 mini-satellites into orbit