Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 11-12.4.2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 12.04.2020 - 12:30

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ги одбележуваме настаните од науката и техниката што се случиле на денешен ден. Изборот на настаните и коментарите се на нашите стручни соработници.

 

11.4.1798 – роден е Мачедонио Мелони

Мачедонио Мелони (Macedonio Melloni) е италијански физичар, прв кој го истражувал топлинското и инфрацрвеното зрачење.  Истражувањата ги спроведувал со помош на термомултиплификатор, уред што бил комбинација од термоспрега и галванометар. По откривањето на термоелектрицитетот од страна на Јохан Зебек, Мелони и Леополдо Новили го употребиле термомултиплификаторот во нивните експерименти во врска со карактеристиките на она што денес се нарекува зрачење на  црно тело, кое го емитуваат различни материјали.

Мелони создал леќи од камена сол (камената сол е проѕирна за инфрацрвената светлина) за да докаже дека оваа топлина може да се фокусира, рефлекрира и да се поларизира, слично како и видливата светлина.

Покрај топлинското зрачење, Мелони истражувал и во областите на магнетизмот на карпите, електростатичката индукција и фотографијата. (Н. С.)

 

11.4.1970 – Лансиран е Аполо 13

Аполо 13 е седмата по ред мисија од програмата Аполо, а требаше да биде третата мисија којашто ќе слета на Месечината. Но, два дена по лансирањето доаѓа до експлозија на еден од резервоарите со кислород, по што снемува и струја. Се смета дека куса врска во резервоарот предизвикала пожар при што нагло пораснал притисокот што предизвикало експлозија на резервоарот. Заедно со кислородниот резервоар експлодираат и два резерворари за гориво, а по кратко времем и третиот резервоар и ќелиите за производство на струја и вода. Во функционална состојба останала само резервната батерија којашто имала многу мала сила.  

 Астронаутите Џејмс Ловел, Џек Свајгерт и Фред Хејз, во соработка со земската контрола на мисијата успеваат да ги “закрпат” и да премостат доволно ефикасно дел од системите, за безбедно да се вратат на Земјата. Во процесот била искористена гравитацијата на Месечината, за “катапултирање” назад во правец на Земјата, со што биле скратени 10 часа од патувањето. Истовремено било променето и местото на слетување, па така наместо во водите на Тихиот Океан, капсулата успешно ќе слета во водите на Атлантикот.

Оваа задача беше толку исцрпувачка и обемна што мисијата Аполо 13 ќе биде запаметена во историјата како голем потфат и за нејзе ќе ја понесе назнаката “успешен неуспех”. (Н. С.)

 

12.4.1961 – Првиот лет на човекот во вселената

На 12 април Советсктата ракетата полета од космодромот во Бајконур, заедно со капсулата Восток 1 во чијашто внатрепност беше сместен Јуриј Гагарин. Гагарин стана првиот човек која ја напушти атмосферата на Земјата и се вивна во вселената.

Летот на Гагарин е краток  – сè на сè 108 минути од лансирањето до слетувањето во близина на Саратов. Сосема доволно за еден круг во Земјината орбита, иако во капсулата имало доволно намирници за 10 дена, предострожност во случај на отказ на ретро-ракетите, по што ќе требаше да се почека капсулата самостојно да навлезе во атмосферата.

Летот на Восток 1 бил контролиран дел автоматски и а дел од земските станици. Контролите во леталото биле заклучени бидејќи немало доволно информации за да го предвидат однесувањето ан луѓето во бестежинска состојба. Сепак, се претпоставува дека некои од инженерите успеале да ги “протнат” во запечатено плико во капсулата кодовите за отклучување на мануелната контрола, со цел Гагарин да може во случај на нужда да ги преземе од автоматскиот систем.

Во чест на првиот лет на човекот во вселената и, секако, во чест на Јуриј Гагарин, секој 12 април се случува меѓународната манифестацијата “Ноќта на Јуриј”, ноќ во којашто насекаде во светот се слави подвигот на човекот и клучните чекори во освојувањето на вселената. Манифестацијата има за цел да го зголеми интересот на јавноста за вселенските потфати и откритија, како и да ја инспирира следната генерација истражувачи на вселената. (Н. С.)

Снимка од подвигот на Гагарин којашто била емитувана на советската телевизија
Клучни зборови:
Мачедонио Мелони

Мачедонио Мелони

Екипажот на Аполо 13

Екипажот на Аполо 13. Од лево кон десно – Џим Ловел, Џек Свајгерт и Фред Хејз.

Аполо 13 ја заобиколува Месечината

Аполо 13 ја заобиколува Месечината. На десната страна од фотографијата се гледа Месечевиот модул.

Успешно враќање на Земјата за Аполо 13 во водите на Атлантскиот Океан

Успешно враќање на Земјата за Аполо 13 во водите на Атлантскиот Океан

Лансирањето на Восток 1

Лансирањето на Восток 1

Гагарин за време на историскиот лет

Гагарин за време на историскиот лет

Капсулата Восток 1 со којашто Гагарин направи круг околу Земјата

Капсулата Восток 1 со којашто Гагарин направи круг околу Земјата

Вселенскиот костим на Гагарин

Вселенскиот костим на Гагарин

Траекторијата на Восток 1

Траекторијата на Восток 1