Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 17.3.2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 17.03.2020 - 14:45

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ги одбележуваме настаните од науката и техниката што се случиле на денешен ден. Изборот на настаните и коментарите се на нашите стручни соработници.

 

17.3.1949. – Промовиран е PORCHE 356

На денешен ден, во 1949 година на Женевскиот авто-салон, промовиран е легендарниот високосериски спортски автомобил Порше 356. Пеколот кој во тие моменти го поминувала фамилијата Порше ретко кој го познава. Фолксваген сè уште не бил познат надвор од Германија (значи недостаток на финансии), главата на фамилијата (Фердинанд Порше постариот) бил заточен во Франција, а остатокот на фамилијата и фирмата се скрасилe во длабоката провинција во Корушка, блиску до југословенско-австриската граница. Сè на сé – пекол за таа фамилија. Но, музите не мируваат. Го развиваат најпрочуениот светски спортски автомобил Порше 356. Автомобилска икона која ја запечати судбината на таа фамилија засекогаш – во позитивна насока, како “проклетство“ кое дава надеж и симболизира врвен естетско-техничко-технолошки супериорен престиж кој мора да се одржува и одново и одново да се потврдува и докажува. (Т. С.)

 

17.3.1853 – Почина Кристијан Доплер

Австрискиот математичар и физичар Кристијан Доплер (Christian Andreas Doppler 1803 – 1853) е најпознат по откривањето на принципот на промена во брановата должина на светлината или на звукот при приближување или оддалечување на изворот во однос на набљудувачот, подоцна наречен според него –доплеров ефект.

Во неговиот труд “За обоената светлина на двојните ѕвезди и некои други ѕвезди на небесниот свод“ тој дава објаснување за привидната промена на бојата во фреквенциите на светлината од ѕвездите. Тој објаснува дека оваа промена се должи на релативното движење на изворот во однос на набљудувачот.

Најлесна демонстрација на Доплеровиот ефект е онаа на звучните бранови. При приближување на изворот на звукот (на пример, автомобилска сирена) кон стациониран набљудувач, брановата должина се намалува поради што висината на звукот (односно неговата фреквенција) се зголемува. Кога звучниот извор ќе го одмине стационарниот набљудувач и ќе почне да се оддалечува од него, брановата должина се зголемува со што се намалува висината на звукот. Ефектот е карактеристичен за сите бранови форми, вклучително и за светлината. (Н. С.)

 

17.3.1958 – НАСА го лансира сателитот Вангард 1

Сателитот Вангард 1 (Vanguard 1) е вториот американски сателит лансиран во земјината орбита и прв сателит чиишто електронски системи се напојуваат од сончеви ќелии. Поради неговата големина и форма, сателитот бил топка со пречник од едвам 16,5 cm, советскиот премиер Никита Хрушчов ќе му го даде прекарот “грејпфрут”.

Вангард 1 сè уште кружи околу Земјата заедно со последната фаза од ракетата со којашто беше лансиран во орбитата, а комуникацијата со него биле изгубена уште во 1964 година. Овие два објекти се најстарите “вселенски артефакти изработени од човекот коишто се наоѓаат во орбитата.

Очекувањате се дека сателитот ќе навлезе во атмосферата и ќе падне на Земјата во 2198 година. (Н. С.)

 

17.3.1950 – Пронајден е хемискиот елемент калифорниум

Научниците од Лабораторијата за истражување на радијацијата при Универзитетот Беркли во Калиформија го најавија откритието на елементот 98. Хемискиот елемент бил создаден со бомбардирање на елементот кириум 242 до  алфа-честички.  Калифорниумот е елемент од групата актиноиди и ја поседува втората највисока атомска маса од сите елементи произведени во количества доволно големи за да се видат со голо око (по ајнштајниумот ).

Елементот го носи името на американската држава во којашто се наоѓа универзитетот. (Н. С.)

 

17.3.1988 – Apple го тужи Microsoft за повреда на авторските права

Apple Computer го тужи Microsoft за повреда на авторските права над графичкиот кориснички интерфејс (GUI) на неговиот оперативен систем. Откако Apple го развил високоуспешниот GUI Macintosh во 1984 година, Microsoft го објавил својот оперативен систем Виндоус, кој имаше некои сличности во изгледот и чувството на GUI. Според условите на доверливиот договор потпишан меѓу двете компании во 1985 година, Microsoft се согласил да признае дека нивниот GUI е изведен од оној на Macintosh. За возврат, Apple му даде на Microsoft  лиценца да го користи дизајнот во својот софтвер. Судијата на крајот одлучил дека Apple имал само ограничени права за дизајнот. Apple се обиде да го изнесе случајот пред американскиот Врховниот суд, но беше одбиен. (И. З.)

Клучни зборови:
Промоцијата на моделот 356 на авто-салонот во Женева

Промоцијата на моделот 356 на авто-салонот во Женева

Порше 356

Порше 356

Кристијан Доплер

Кристијан Доплер

Изглед на сателитот Вангард 1

Изглед на сателитот Вангард 1

Ознаката на хемискиот елемент калифорниум

Ознаката на хемискиот елемент калифорниум

Елементот калифорниум

Елементот калифорниум

Легалната битка меѓу Ејпл и Мајкрософт траеше речиси една декада

Легалната битка меѓу Ејпл и Мајкрософт траеше речиси една декада