Рубрика: Омнибус
Учи од дома
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 17.03.2020 - 12:45

Како резултат на актелната состојба со вирусот COVID-19 (коронавирус) и прекинот на воспитно-образовниот процес, сите локални самоуправи иницираат надоместување на изгубениот наставен материјал преку посебна дигитална платформа.

По препораките на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, наставниот кадар на ООУ ”Дане Крапчев“ Скопје изготви платформа со насоки и електорoнски материјали за учење од дома.

Наставниот кадар прикачува презентации, предавања во форма на видеоформат, прашања и анкети за учениците, како и други образовни содржини на апликацијата за складирање Google drive. Целта е да се создаде интерактивна настава којашто ќе придонесе во надоместување на изгубениот наставен материјал и анимирање на учениците.

Во моментов ги ажурираат активностите за периодот од 11до  20 март. Притоа со избирање на линкот “Активности за период од 11.03.2020 до 20.03.2020 год.“ – на учениците автоматски им се отвораат материјалите за самоучење (презентации, наставни листови, едукативни игри, видеа…). Засега се опфатени следниве предмети: македонски јазик, математика, физика, хемија, биологија, историја, географија, англиски јазик, физичко и здравствено образование, информатика, граѓанско образование, и иновации.

Учениците треба да го искористат методот за самоучење, истражување, пребарување на интернет, експериментирање и да ги следат насоките зададени од наставникот. За секое одделение посебно се поставени линкови од сите предмети со задачи за решавање. Откако ученикот ќе ги реши задачите решенијата треба да ги испрати на електорнската адреса на наставникот.

Математика за осмо оддление можат да учат и на линкот jetminds.org

За да можат наставникот и учениците да работат со Google Drive потребно е да имаат наменска e-mail адреса преку gmail.

За да го активирате, односно влезете во Google Drive потребно е по отворање на вашата корисничка сметка на gmail да ја изберете оваа апликација од Google Apps менито. Ова го правите со кликнување на иконката налик на 9 точки сместена во горниот десен агол од екранот. По кликнување врз иконката се отвора следното паѓачко мени од коешто со клик се избира опцијата Drive со што се отвора оваа апликација.

За поставување на материјалите процедурата е следна. Во левиот агол, се избира NEW > New Folder и фолдерот се именува согласно со класот кому му се наменети содржините. На пример, 9-А, ООУ “Јан Амос Коменски“. Потоа се создаваат суб-фолдери коишто се именуваат согласно предметите – македонски јазик, биологија, хемија, географија и сл.

За прикачување на материјали во соодветниот фолдер, со клик се избира фолдерот, по што тој се отвора. За прикачување на фајл, се избира NEW > File Upload, по што се отвора прозорец и се прикачува посакуваниот фајл. Постапката се повторува за секој од фајловите.

За тоа кој ќе биде вклучен во групата на којашто ќе и бидат достапни поставените содржини може да одлучи само оној којшто ги поставил, во овој случај наставникот. За споделување на содржините во фолдерот со други, потребно е со клик да се избере опцијата SHARE, по што во полето од формата се впишуваат e – mail адресите на учениците и наставниците кои ќе бидат вклучени на платформата.

На Google drive може да се прикачуваат документи во word формат, excel, power point, видео и аудио содржини, PDF фајлови, како и линкови.

Се надеваме дека презентираниот метод за учење од дома којшто го применува основното училиште "Дане Крапчев" ќе им биде од полза и на другите училиште кои немаат специјализиран веб-сервис за таа намена.

Клучни зборови: