Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 9.3.2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 09.03.2020 - 15:30

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ги одбележуваме настаните од науката и техниката што се случиле на денешен ден. Изборот на настаните и коментарите се на нашите стручни соработници.

9.3.1934 – Роден е Јуриј Гагарин

Јуриј Алексеевич Гагарин (Ю́рий Алексе́евич Гага́рин) е советски космонаут кој на 12 април 1961, за прв пат во историјата на човештвото, се вивна во вселената и стана првиот човек кој ја прелетал Земјата околу нејзината орбита. По летот, кој траел 108 минути, тој се спуштил јужно од Саратов.

Гагарин е роден у селото Клушино во близина на градот Гжатск (денешен Гагарин Смоленската област во Русија). Неговите родители, Алексеј Иванович Гагарин и Ана Тимофејевна Гагарина, работеле во колхозот. Уште како малечок Јуриј се интересирал за вселената и планетита, мечтаејќи за патувања низ вселената.

Во 1960 година, по конкурсот и строгиот процес на селекција, Јуриј Гагарин е избран за учество во советската вселенска програма, заедно со уште 19 космонаути. Заедно со другите космонаути поминал низа ригорозни експерименти со цел да се тестира психофизичката подготвеност и издржливост на кандидатите. Исто така ја поминал и интензивната обука за претстојниот лет. Од дваесетте кандидати во најтесен избор за прв лет во вселената влегле Јуриј Гагарин и Герман Титов, како поради покажаните резултати во обуката, така и поради тоа нивните физички особини. Нискиот раст играл значајна улога поради тоа што во вселенското летало Васток немало многи простор. При конечната одлука, којашто била донесена на највисокото ниво во Комунистичката партија, изборот за прв лет во вселената паднал на Гагарин. Се претпоставува дека изборот бил поттикнат поради неговиот весел карактер и скромното потекло. За разлика од него Титов потекнувал од средната класа.

На 12 април 1961 година, Гагарин стана првиот човек кој полета во вселената со Восток 1. По летот, Гагарин веднаш станал позната и славна личност, препознатлива низ целиот свет. Во тој период патувал и низ Италија, Велика Британија, Германија, Канада и Јапонија, промовирајќи го советскиот успех. Подоцна се вратил во Ѕвездениот град и работел на дизајнот на ново вселенско летало коешто би можело да се користи повеќекратно. На овие проекти работел во наредните 7 години. Гагарин бил назначен и како заменик директор за обука во Ѕвездениот град, додека истовремено се обидувал да се преквалификува за пилот на ловечки авион. На 27 март 1968 година авионот МиГ-15УТИ, во којшто се наоѓа Гагарин заедно со неговиот инструктор Владимир Серјегин, се руши при рутински лет во близина на градот Киржач.

Јуриј Гагарин и Владимир Серјегин се погребани еден до друг во ѕидот на Кремљ на Црвениот Плоштад. (Н. С.)

 

9.3.1954 – Починал Валфрид Екман

На денешен ден во 1954 година, на 79 годишна возраст починал Валфрид Екман (Walfrid Ekman), познат шведски океанограф. Студирал физика на Универзитетот во Упсала, а особено омилени му биле предметите кои ја проучувале механиката на флуидите.

Во текот на експедициите во северните мориња  научниците забележале дека ледените брегови имаат тенденција да “лебдат“ не во насоката на ветровите, туку под агол од 20 до 40 степени надесно. Одгатнувањето на овој феномен му било доверено на Екман, кој во 1905 година го разрешил. Дошол до заклучок дека таа “неприродна“ ориентација на ледените брегови е последица од силите на триење во океаните (вискозитетот и атхезионите и кохезионите сили на честиците вода) и силите од Кориолисовото забрзување кое се јавува кај релативните (сложените) движења.

По завршувањето на докторатот во Упсала во 1902 година, Екерман се придружил на Меѓународната лабораторија за океаногравски истражувања во Осло, во која работел седум години и не само што ја продолжил својата теоретска работа туку развил и експериментални техники и инструменти за овие истражувања. Од 1910 до 1939 година работи на Универзитетот во Лунду, каде што продолжува со својата теоретска работа и е професор по механика и математичка физика. Избран е за член на Шведската кралска академија на науките во 1935 година. (Т. С.)

Клучни зборови:
Јуриј Гагарин во Васток

Јуриј Гагарин во Васток

Гагарин за време на обуката

Гагарин за време на обуката

Јуриј Гагарин на насловната на Тајм магазин

Јуриј Гагарин на насловната на Тајм магазин

Валфрид Екман

Валфрид Екман

Екман за време на истражувањата

Екман за време на истражувањата

Таканаречената екманова спирала

Таканаречената екманова спирала