Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 1/2.3.2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 02.03.2020 - 13:15

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ги одбележуваме настаните од науката и техниката што се случиле на денешен ден. Изборот на настаните и коментарите се на нашите стручни соработници.

 

1.3.1896 – Анри Бекерел го претставува трудот за природна радиоактивност

На 24 февруари 1896 година, Анри Бекерел ги претставил пред Француската академија на науките (Académie des Sciences) првичните резултати од неговите експерименти во врска со природната радијација – флуоресцентните ураниумски соли, по изложеност на сончева светлина, оставиле сосема бледи слики на неколку фотографски плочи. Но, матните слики биле помалку интригантни од острите слики направени со Х-зраци прикажани пред Академијата неколку недели порано.

Бекерел се решил да го повтори експериментот. Подготвил нова низа кристали и фотографски плочи и сметал дека за да добие поостри слики ќе му биде потребна посилна сончева светлина. Но, природата одбила да соработува, небото над Париз во наредните денови било облачно и Бекерел не го добил неговиот сончев ден.

Нетрпелив да презентира барем некакви резултати пред Академијата, по некој ден тој ги извадил плочите и кристалите од фиоката каде ги чувал. Очекувал повторно да ги види истите матни слики, но наместо тоа бил запрепастен кога на плочите забележал остри силуети од неколку метални предмети коишто биле сместени во фиоката. Се чини дека за создавање на слики немало потреба од изложување на кристалите на сончева светлина пред или за време на експериментот.  Тој правилно заклучил дека самите кристали испуштаат зрачење, без надворешно стимулирање.

На 1 март 1896 година, Бекерел го претставил неговото откритие на природната радиоактивност пред француската Академија на науките.

Откривањето на природната радиоактивност проттикна голем број истражувања на овој феномен, а поголемиот дел од нив ги направија Марија и Пјер Кири. Единицата мерка за радиоактивност во SI системот го носи името Бекерел, во негова чест. (Н. С.)

 

1.3.1976 – Стив Вознијак го изработува својот прв компјутер

Американскиот инженер за електроника, програмер, филантроп и претприемач на технологија Стив Вознијак, со прекар Воз, вработен во Хјулит Пакард (во тоа време), ја изработува својата прва компјутерска матична плоча. За изработката бил инспириран на еден од состаноците на клубот Homebrew. Стив Џобс се среќава со Воз, при што го убедува да го задржи дизајнот (да не го продава). Тие потоа ќе се здружат за да го создадат компјутерот Епл 1 кој се продаде во само 200 примероци.  (И. З.)

 

2.3.1967 – Почина Франц Ледвинка

На денешен ден умира Франц Ледвинка. Прочуен конструктор е на Чешката фирма за автомобили и општо машинство Татра. Роден е во Австрија во градот Клостенбург, недалеку од Виена. Како млад тинејџер работел како автомеханичар за потоа да се зафати со студии по машинство во Беч. Во Татра во почетокот работел на производство на вагони за шинските возила за потоа да се вклучи во производството на првите автомобили за Татра. Бил гравен конструктор во Татра за автомобили. Негов изум се моторите со воздушно ладење и независното потпирање на каросеријата како и цевкастата конструкција на шасијата кај автомобилите. Заедно со својот син, кој исто така бил вработен во Татра како инженер ги имаат дизајнирано прочуените татрини автомобилски модели Т77, Т77а, Т87 и Т97. Сите овие модели имале воздушно ладење на моторот кој бил поставен зад задната оска. Токму моделот Т97 Татра се смета дека Фердинанд Порше го има “украдено“ како идеја и врз основа на таа кражба е конструирана легендарната Буба. Тука многу притискал и Хитлер кој се возел во тие модели на Татра и многу му се допаднале, па таков автомобил посакал за своите автопати. Татра за овај случај покренала судски спор кој бил прекинат со хитлеровата инвазија на Чехословачка, но по 1945 година е обновен судскиот спор  кој е разрешен во 1965 година во вонсудска спогодба со која Фолксваген му исплатува на Татра еден милион германски марки како отштета. И повторно истата судбина и Ледвинка го задесува како и неговиот ривал (конкурент) Фердинанд Порше: по Втората светска војна бил обвинет за колаборација со нацистите и одлежал 5 години во затвор во Чехословачка. Бил пуштен од затвор во 1951 година по што се повлекол во Минхен каде и умира. (Т. С.)

 

2.3.2016 – Заврши речиси едногодишниот престој на астронаутите Кели и Корниенко на МВС

Астронаутите Скот Кели и Михаил Корниенко се вратија на Земјата од нивната историска мисија во времетрање од 340 дена на Меѓународната вселенска станица. Тие слетаа во Казахстан на 2 март во 10:26 часот по локално време. Заедно со нив во вселенското летало Сојуз ТМА-18М беше и космонаутот Сергеј Волков од руската вселенска агенција Роскосмос, којшто пристигна на вселенската станицата на 4 септември 2015 година.

За време на нивната рекордно долга едногодишна мисија, екипажот на станицата спроведе речиси 400 истражувања. Меѓу другото, Кели и Корниенко учесвуваа учествуваа во голем број истражувања чијашто цел е подобро планирање на идните патување до Марс. Конкретно, беше истражувано како човечкото тело се прилагодува на бестежинската состојба, изолацијата, зрачењето и стресот при долготрајните вселенски мисии. Интересно е што на Земјата, во истражувањата беше вклучени и братот близнак на Кели, Марк Кели, инаку поранешен астронаут на НАСА. Тој им помогна на научниците да ги споредбено проучување на ефектите од престојот во вселената врз телото и умот сè до клеточно ниво. (Н. С.

Клучни зборови:
Анри Бекерел

Анри Бекерел

Отисокот врз фотографските плочи

Отисокот врз фотографските плочи којшто сведочи за природната радиоактивност

Франц Ледвинка

Франц Ледвинка

Астронаутите Скот Кели и Михаил Корниенко непосредно по нивното приземјување во Казахстан

Астронаутите Скот Кели и Михаил Корниенко непосредно по нивното приземјување во Казахстан

Стив Воз и компјутерот Ејпл 1

Стив Воз и компјутерот Ејпл 1