Рубрика: Информатика
Решение за одличен Wi-Fi во образовните институции
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 26.02.2020 - 13:30

Поврзливоста треба да оди рака под рака со стабилноста, богатите опции и персонализираните услуги, но и истовремено, таа треба да биде достапна за сите. Мисијата на EnGenius е да обезбеди врвни податочни решенија коишто ја промовираат мобилноста, ја зголемуваат продуктивноста и се едноставни за употреба.

Колеџот Кардинал Њумен (Cardinal Newman) во Велика Британија e училиште за ученици на возраст од 11 до 18 години, со околу 2 500 ученици и персонал. Основан е уште во викторијанската ера и е распоространет на огромна површина.

При осовременувањето на наставата со современи технолошки помагала, во текот на изминатите неколку години во училишната мрежа беа додадени повеќе Wi-Fi помагала за учење. Поради ова, веќепостоечкото мрежно решение имаше проблеми со задоволување на зголемените потреби за трансфер на мултимедијални содржини. Персоналот и учениците не можеа максимално да ги искористат погодностите на скапите мрежни уреди во кои инвестираше училиштето, ниту пак можеа да ги користат своите дополнителни уреди во рамките на целокупната површина на кампусот, особено на надворешните површини коишто учениците практикуваат да ги користат за целосно совладување на училишните обврски.

Со цел да се обезбеди целосна покриеност на колеџот со брз интернет, со капацитет за истовремено и интензивно користење на повеќе училници одеднаш, беше имплементирано решението EnGenius WLAN Solution, кое освен најдобрата цена, понуди и оптимални перформанси за задоволување на сите потреби на колеџот за сегашните, но и идните ученици.

 

За решението EnGenius EnSky

EnSky е решение за управување со мрежата на светски реномираниот бренд EnGenius. Ова иновативно решение вклучува  богато портфолио на производи коешто ги вклучува контролерот SkyKey и софтверот ezMaster, управувани безжични уреди за затворен и отворен простор, управувани прекинувачи и мобилната алатка – апликацијата EnWiFi.

Со имлементирањето на EnGenius внатрешни и надворешни пристапни точки, контролни прекинувачи, како и на бесплатниот софтвер за управување со мрежата,  била креирана централно управувана мрежа со  можност за едноставно мониторирање, но и со едноставно детектирање и решавање на можните испади.

Решението EnSky доаѓа со повеќе придобивки – исплатливост, лесна инсталација и поставување, прецизна аналитика, супериорна јачина на сигналот, доживотна гаранција,  можност за надградби и, што е многу важно, техничка поддршка.

 

Инсталацијата на решението во колеџот Кардинал Њумен била извршена во текот на полугодишниот одмор, при што биле поставени вкупно 95 пристапни точки. Сите овие точки биле претходно конфигурирани, со што се заштедило драгоцено време при инсталацијата. Решението EnGenius Managed Solution почна да функционира уште истиот ден. Секако, притоа немаше никакви проблеми во поглед на очекуваните перформанси. Училиштето дури и заштеди и можеше да обезбеди и дополнителни современи уреди за персоналот и за учениците.

 

Решенијата на EnGenius побарајте ги во КАБТЕЛ.

 

*** комерцијален напис ***

Клучни зборови: