Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 22/23 февруари 2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 23.02.2020 - 13:15

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ги одбележуваме настаните од науката и техниката што се случиле на денешен ден. Изборот на настаните и коментарите се на нашите стручни соработници.

22.2.1857 – Роден е Хајнрих Херц

Хајнрих Херц (Heinrich Hertz) е германски физичар кој прв практично ја потврдил Максвеловата (James Clerk Maxwell) Теорија за електромагнетизам. Експериментирајќи со безжичен пренос на импулси, Херц практички го докажал постоењето на електромагнетните бранови. Во негова чест, единицата за број на периоди во 1 секунда го носи неговото име, Херц (Hz).

 

22.2. 1928 – Роден е Томас Курц

Томас Курц (Thomas Eugene Kurtz), заедно со Џон Кемени (John G. Kemeny[) го развиле BASIC (Basic All-purpose Symbolic Instruction Code) програмскиот јазик за своите студенти во раните шеесети години на минатиот век. (З. И.)

 

22.2.1999 – AMD го претстави процесорот AMD K6-III

Во 1999 година, AMD го претстави новиот AMD K6-III процесор со брзини од 400 и 450 MHz. Процесорот поседувал 64KB кеш меморија во Ниво 1 изведбата и 256KB кеш меморија во Ниво 2 изведбата, и имал 21,3 милиони транзистори од 0,25 микрони. Силната конкуренција на олицетворена во чиповите K7 (Атлон) и Пентиум III, го натера AMD да напредува, и бидејќи беше невозможно да се зголеми брзината, тие се обидоа да обезбедат повеќе перформанси преку промена на архитектурата. Наспроти бројката од 9,3 милиони транзистори колку што поседуваше неговиот претходник K6-2, варијантите на K6-III поседуваа најмалку 21,4 милиони транзистори, што го направи тежок и скап за производство. Се работеше за  навистина привремено решение, бидејќи процесорот К7 не можеше да се лансира во таа година. Но штом започна производството на K7, К6-III многу брзо излезе од производната линија, иако AMD продолжи да го произведува евтиниот K6-2 уште долго време. (И. З.)

 

23.2.1947 — Роден е Колин Сандерс иноватор и аудиоинженер

Колин Сандерс (Colin Sanders) е британски визионер и инженер којшто го пренесе духот на техничка и креативна иновативност во областа на аудиотехниката, специфично снимањето и аудиозаписот. Тој во 1969 година, на 22 годишна возраст ја основа компанијата Solid State Logic, којашто прво започна да се занимава со изработка на електричните контролни системи за инструментот органа којшто редовно е присутен во англиските цркви. Малку подоцна Solid State Logic се пренасочи кон производство на големи студиски конзоли (миксети). Кога во 1977 година SSL ja претставува конзолата SL4000 овој хардвер ќе донесе револуција во музичката индустрија.

Конзолата е првиот квалитетен спој на инлајн аудиоконзола со компјутер којшто го автоматизира начинот на којшто таа работи.

Се проценува дека конзолите SSL учествувале во правењето на две третини од популарната музика во последниве 30 години, независно дали се работело за снимање, миксирање, наснимување, преснимување или синхронизација за филм или телевизија. (Н. С.)

 

23.2.2005 – Откриен е првиот вирус за мобилен телефон

Вирусот Кабир (Cabir) за првпат беше регистриран во една продавница за електроника во Санта Моника. Tелефонот којашто бил заразен поседувал злонамерно парче код што ги исцрпувало батериите на уредот. Вирусот се ширел од телефон на телефон користејќи мрежи со краток дострел, како блутут. Повеќето мобилни телефони го користеле Bluetooth стандардот за да се поврзат со околните уреди без користење на кабелски приклучок, со цел испраќање фотографии до печатач, ажурирање  на адресарот на лаптоп или за користење на безжични слушалки. Но, некој се сетил да го искористи ова поврзување за испраќање на компјутерски вирус.

Кабир не се однесува налик на повеќето компјутерски вируси или црви. Се работи за самостојна програма, .sis фајл,  којашто (несакајќи) можел да ја инсталира речиси секој корисник. Евентуални жртви на вирусот биле само телефоните со вклучен блутут приклучок и телефонигте со оперативен систем Symbian Series 60. Вирусот е развиен претходната година, а името му го дале во Kaspersky Lab, во чест на нивната колешка Елена Кабирова. ЕМИТЕР за овој вирус имаше напис во Емитер 9/2004 – "CABIR - првиот вирус што ги напаѓа мобилните телефони" (И. З.)

Клучни зборови:
Хајнрих Херц

Хајнрих Херц

Томас Курц

Томас Курц

Процесорот К6-III на АМД

Процесорот К6-III на АМД

Колин Сандерс

Колин Сандерс

Миксерот SSL Duality SE 6000 во тетовското студио ProSound Recording studio

Миксерот SSL Duality SE 6000 во тетовското студио ProSound Recording studio

Приказ на Кабир на мобилен телефон

Приказ на Кабир на мобилен телефон