Во текот на последните неколку години, драстично се зголеми бројот на подрачја каде може да се имплементира блокчејн технологијата. Примарно, оваа технологија се користеше за платежни трансакции, овозможувајќи брзи, сигурни и транспарентни начини на собирање и трансфер на средства низ светот.
Но, блокчејн технологијата има примена и во заштитата на животната средина. Ако се разгледа, на пример, поморската индустрија, се забележува дека сите податоци поврзани за бродовите, како податоците за рути, различните горива и за нафтата што се излева во морињата, се собираат рачно а потоа се запишуваат на различен јазик. Сложениот процес создава пречки во давањето квалитетни услуги за справување со отпадот, односно го намалува квалитетот на дадената услуга.
Една компанија со седиште во Словенија, Carbon Offset Initiative (COI), има за цел да ја искористи можноста на блокчејн технологијата во насока на намалување на отпадот. Таа развила хардверско и софтверско решение, овозможувајќи надзор, анализа и управување со отпадот што го оставаат големите товарни бродови. Технологијата што ја користи компанијата се заснова на Ethereum протоколот и користи паметни договори за верификација на пренос на податоци и на трансакции. Употребата на сателитски податоци овозможува непроменливо зачувување на секој параметар во јавниот блокчејн, па така речиси е невозможно овие податоци да бидат фалсификувани. Од блокчејн технологијата може да имаат полза сите корисници во ланецот – од бродскиот оператор до рециклажниот центар, бидејќи таа би придонела за кратење на трошоците на нафта, согорувањето на нафтата, за подобар договор на странките итн.
Хардверот се сотои од повеќе различни сензори, вклучувајќи сензори за вибрации, фотоапарати и ласери. Сензорите би се инсталирале на пловните објекти кадешто во реално време ќе ја следат количината и квалитетот на нафтата во бункерите и во резервоарот.
Влагата, температурата, тошоците нафта и рутите исто така ќе бидат евидентирани и ќе се испраќаат преку стелитска врска во центарот за податоци.