Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 11 февруари 2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 11.02.2020 - 13:15

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ги одбележуваме настаните од науката и техниката што се случиле на денешен ден. Изборот на настаните и коментарите се на нашите стручни соработници.

11.2.1847 - Роден е Томас Алва Едисон

Како што го опишуваат, Томас Алва Едисон (Thomas Alva Edison) бил еден од најголемите американски пронаоѓачи со 1093 патенти и успешен бизнисмен. Пронашол многу уреди во областа на генерирањето електрична снага, масовните комуникации, снимањето на звукот и филмот. Неговите пронајдоци како фонографот, филмската камера, долготрајната практична електрична светилка имаат широка примена во модерниот индустријализиран свет. Тој е еден од првите пронаоѓачи кој применил организирана научна и тимска работа во процесот на пронаоѓањето. Работел со многу пронаоѓачи и вработени. Ја основал првата индустриска истражувачка лабораторија.  (Д. М.)

 

11.02.1970 – Лансиран првиот јапонски сателит   

Во 1970 година во Јапонија е лансиран сателитот “Осуми 5“. Првите 4 обиди во претходните четири години за лансирање на сателит беа неуспешни. Лансирањето е изведено со помош на ракетотоата “Ламбада 4С“ од страна на Институтот за вселенски и аеронаутички науки при Токискиот универзитет. Со лансирањето на овој 24-килограми тежок сателит, Јапонија во тој момент стана 4-тата држава во светот којашто лансирала свој сателит. Пред неа сателити лансираа тогашниот СССР –“Спутник“, 4 октомври 1957; потоа САД – “Експлорер 1“, 31 јануари 1958; и Франција – “Астерикс 1“, 26 ноември1965. По Јапонија, неколку месеци подоцна и Кина го лансираше својот прв сателит, “ДФХ-1“, 24 април 1970, а шеста беше Велика Британија со сателитот “Просперо“, лансиран на 28 октомври 1972 година. (Г. П.)

 

11.2.1976 – Почина познатиот инженер Александер Липиш

Познатиот авио-инженер и конструктор на воздухоплови, Германецот Александер Липиш (Alexander Martin Lippisch) роден е во 1894 година во Минхен (Баварија), а умира на денешен ден во 1976 година. Бил пионер на аеродинамиката кој дал важен придонес во разбирањето на воздухопловите без опашка, делта крилата итн. По Втората светска војна се преселил и работел во САД. Негово најпознато дело е воениот авион Месершмит (Messeschmitt Me 163). По Првата светска војна соработува со компанијата Цепелин и оттогаш датира неговото интересирање за техниката и за воздухопловите без опашка. Првите негови инженерски остварувања биле проектите на едрилици (Espenlaud E-2). (Т. С.)

 

11.02.1997 – Втора надградба на Хабл

Во 1997 година, членови на екипажот на спејс шатлот “Дискавери“, во мисијата именувана како STS-82, ја изведоа втората планирана надградба на вселенскиот телескоп “Хабл“ кој беше лансиран на 24 април 1980 година. Со дотогаш рекордни пет поправки изведени во вселената, при што беа користени 150 алатки и делови, астронаутите успеаја целосно да заменат два инструмента и да поправат дел од постојните, со што уште повеќе се зголеми употребливата вредност на и дотогаш мошне користениот вселенски телескоп.   (Г. П.)

 

11. 2. 1990 – Нелсон Мендела стана слободен човек

На возраст од 71 година Нелсон Мендела (Nelson Mandela), беше ослободен од затвор по отсужување на 21 година од доживотната казна што му беше изречена поради обид за рушење на апартхејдот во Јужна Африка. Во април 1994 година Мендела стана првиот претседател на Јужна Африка којшто победил на избори во коишто можност за гласање добиле сите граѓани независно од нивната расна припадност. (Н. С.)

Клучни зборови:
Томас Алва Едисон

Томас Алва Едисон

Првиот јапонски сателит Осуми 5

Првиот јапонски сателит Осуми 5

Александер Липиш

Александер Липиш

Амблемот на мисијата STS-82 за поправка на Хабл

Амблемот на мисијата STS-82 за поправка на Хабл

Нелсон Мандела на излегува од затвор

Нелсон Мандела на излегува од затвор