Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 3.2.2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 03.02.2020 - 13:00

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ги одбележуваме настаните од науката и техниката што се случиле на денешен ден. Изборот на настаните и коментарите се на нашите стручни соработници.

 

3.2.1905 – Роден е Арнe Бјерлинг

Прочуениот шведско-американски математичар (Arne Carl-August Beurling) е роден на денешен ден во 1905 година. Бил шведски математичар и професор по математика на универзитетот во Упсала (Шведска) од 1937 до 1954 година, а подоцна и професор во Институтот за напредни студии во Принстон (Њу Џерси, САД). Интензивно работел на хармониската анализа, сложената анализа и на теорија на потенцијалот. Прочуен е по “Бjерилинговата факторизација“ која им помогнала на математичарите да ја разберат Волдовата деградација и поттикнал понатамошно расветлување на инваријантните простори со линеарни оператори. (Т. С.)

 

3.2.1986 – “Vaporware” сè уште во најава

Магазинот ТАЈМС известуваше за фрустрациите со бавниот развој на компјутерскиот софтвер. Известувачот Филип Елмер-Девит укажа на поплаките поради одложувањето на новиот Windows оперативен систем –  Windows 1.03 (претставен во август 1986 година), кој донесе подобрувања во согласност со интернационалната верзија – драјвери за европските тастатури, како и драјвери за екрани и печатачи. Оваа верзија, сè уште е во DOS опкружување.

На верзијата 1.03 и претходеше верзијата 1,02, која во основа е иста со првата верзија на Windows (1.01), но важи за прва интернационална верзија.
По ваквите одложувања, „сезнајковците” од Силиконската долина иронично го нарекуваа новиот Windows – “Vaporware”.

За жал, одложувањата на новите верзии на софтверските пакети ќе станат честа навика на Microsoft. (З. И.)

 

3.2.1966 – На Месечината се спушти Луна 9

За прв пат на Месечината контролирано се спушти вселенска сонда без екипаж, Луна 9, во мисија на поранешниот Советски Сојуз. Луна 9 стана првото летало испратено од човекот кое меко се спушти на Месечината и со тоа го трасираше патот за понатамошните мисии кои беа крунисани со слетувањето на човекот на Месечината, неколку години подоцна. Сондата испрати фотографии за изгледот на Земјата од површината на Месечината, за првпат во историјата направени од некое друго небеско тело. Покрај останатата опрема, леталото на Месечината постави и камера којашто емитуваше снимки сè до 6 февруари, кога батериите се испразниле. (П. Л.)

 

3.2.1966 – Лансиран е првиот функционален метеоролошки сателит

Исто така, во 1966 година САД го лансираа првиот функционален метеоролошки сателит ESSA-1. Леталото претставуваше 18-страна правилна призма со дијаметар од 107 cm (42 инчи) и  56 cm (22 инчи) височина. На телото на леталото имаше околу 10000 соларни ќелии, со димензии од 1x2cm, кои напојуваа 21 никел-кадмиумски батерии, коишто беа главен извор на енергија. Со 2 камери поставени под агол од 180 степени една од друга, ESSA-1 беше во можност да ги фотографира временските услови на одредена површина на Земјината топка, поточно прекривката од облаци, по што фотографиите биле испраќани до земјената базна станица, штом таа би се нашла во досег. ESSA-1 била опрационална сè до 6 октомври истата година кога доаѓа до отказ на системот за снимање. (Г. П.)

Клучни зборови:
Математичарот Арне Бјерлинг

Математичарот Арне Бјерлинг

Брошурата Windows 1.0 на Мајкрософт што беше објавена во јануари 1986 година

Брошурата Windows 1.0 на Мајкрософт што беше објавена во јануари 1986 година

Реплика на Луна 9 во Музејот за аеронаутика во Париз, Бурже

Реплика на Луна 9 во Музејот за аеронаутика во Париз, Бурже

Изгледот на сателитот ESSA-1

Изгледот на сателитот ESSA-1