Рубрика: Автомобилска техника
Sci-Tech времеплов – 134-ти роденден на автомобилот
Автор: Томе Скендеровски
Објавено на 29.01.2020 - 10:45

Денеска е 134-ти роденден на автомобилот. На денешен ден во далечната 1886 година е поднесено барање за патентна заштита од Карл Бенц за неговиот пронајдок – автомобилот и овој настан е усвоен како официјален роденден на автомобилот. Заведен е во патентните книги под број DRP 37 435.

По неколку месеци истата година еден друг автомобилски и инженерски великан, земјак на Бенц, Готлиб Дајмлер го изработи првиот автомобил во светот. Тоа била најлкусузната кочија на тие простори во тоа време, но опремена со мотор со внатрешно согорување, систем за управување и систем за кочење. Овие двајца великани иако живееле и работеле во соседни германски градови, меѓу себе се немале сретнато и запознаено. Подоцна, нивните фирми се здружуваат во една, која и денес е автомобилски светски гигант и е позната под името Мерцедес – Бенц.

На сликите е претставена патентната документација на Карл Бенц и неговата триколка, т.е. реалната верзија од патентната пријава кои некои го сметаат за прв произведен автомобил, иако се има појавено по моторната кочија на Дајмлер.

Клучни зборови:
Патентната документација која од 2011 година се наоѓа во UNESCO

Патентната документација која од 2011 година се наоѓа во UNESCO и има третман како светско културно наследство (Memory of the World – програмата).

Прочуената триколка на Бенц

Прочуената триколка на Бенц. Ова е всушност подоцна изработениот автомобил – триколка кој беше предмет на патентната пријава од 29.1.1886. година.

Големата замајна маса е главен индикатор од кој може да се насети дека се работи за едноцилиндричен мотор со внатрешно согорување

Големата замајна маса е главен индикатор од кој може да се насети дека се работи за едноцилиндричен мотор со внатрешно согорување како погон на триколката. Колку моторот е помасивен и поброен во однос на цилиндрите, толку нема потреба од масивен (тежок) замаец, т.е. замајна маса.