Според извештајот на компанијата CISCO, државите од западен Балкан, се меѓу просечните земји во областа на дигитална подготвеност во светот. Според тој извештај, Црна Гора е најдобро рангирана замеја од регионот. Од вкупно 141 држави, таа се наоѓа на 53-то место, Србија се наоѓа на 56-то, Македонија на 60 место, Босна и Херцеговина на 69, додека најлошо е рангирана Албанија, на 71 место. Од другите држави од поранешна Југославија, Словенија е на 28 место, додека, пак, Хрватска на 40 место.
Во светски рамки Сингапур може да се пофали со највисоко ниво на дигитална подготвеност на светот. Зад него се Луксембург, САД, Данска и Швајцарија.
Индексот за дигитална подготвеност на Cisco го мери целосното ниво на дигитална подготвеност на една земја во повеќе сегменти меѓу кои работното и државното инвестирање, леснотијата во работењето, опкружувањето за развој на старт ап проекти, усвојувањето на нови технологии, технолошката инфраструктура, човечкиот капитал и основните потреби.
Ако ги споредиме земјите во регионот во секој од одделно оценуваните сегменти, Босна и Херцеговина е најлошо рангирана кога се во прашање инвестициите и старт ап проектите, а заедно со Хрватска не можат да се пофалат ниту со примена на нови технологии. Албанија е најлоша кога е во прашање технолошката инфраструктура, во Србија на најниско ниво се основните потреби, додека Македонија има најлоши човечки ресурси.
Индексот дава насоки за тоа како земјите можат да го подобрат нивото на подготвеност за усвојување на инклузивна дигитална економија.
Целосниот извештај може да го прочитате тука