Ова е ритуал што го повторуваме безброј пати во текот на денот. Со текот на годините мислите дека некои работи се природни и знаете како, нели? Па, да провериме колку нашето миење на раце е во склад со препораките од СЗО и од научниците
Едно ново истражување посочува дека пократкото триење на рацете на здравствените работници ќе ги натера на почесто повторување на рутината што, на долги патеки, може да допринесе за намалување на ширењето заразни болести во болниците и во слични установи.
Светската здравствена организација (СЗО) препорачува 30-секундна постапка во шест чекори, при што како дезифектант се користи алкохол. Но, оваа процедура може да биде прилично напорна за зафатениот персонал којшто треба постапката да ја повторува повеќепати во текот на денот, секој ден во неделата. Како што посочуваат истражувачите од Универзитетската болница во Базел, токму од овие причини, персоналот во болниците многу малку се придржува до оваа рутина. Истовремено, како што тие укажуваат, процедурата од 3 чекора, што трае само 15 секунди е подеднакво ефективна, а на болничарите и на лекарите ќе им одзема помалку време.
Во нивниот прв труд, објавен во 2017 година, Сара Чудин-Сатер и нејзините колеги веќе покажаа дека три чекора се подеднакво ефикасни како и шест. Во поновото истражување, истиот тим по случаен избор одредил 20 здрави доброволци на возраст од 18 до 51 година да ги тријат рацете користејќи четири различни техники – користејќи шест или три чекора, во времетраење од 30 или од 15 секунди.
Појдовна точка во проценките бил " бројот на бактерии на доминантната рака одреден по пат на средна логаритамска редукција на бројот на бактерии по извршувањето на процедурата за хигиена на рацете ". Вака барем стои објаснето во постер-презентацијата на тимот на неодамнешниот Европски конгрес за клиничка микробиологија и инфективни болести во Амстердам.
Во тој контекст, било откриено дека триењето на рацете во времетраење од 15 секунди е подеднакво ефикасно како она од 30 секунди, со употреба на било која техника, но може да се покаже супериорно кога е во прашање помагањето на здравствените работници да се усогласат со хигиенските стандарди.
Истражувачите признаваат дека новото истражување е спроведено во експериментална, а не клиничка поставеност, и дека, иако било мерено намалувањето на бројот на бактерии, заклучоците во врска со ефикасноста на различните техники за хигиена на рацете не може да се применат и кога е во прашање во преносот на патогени.
Исто така, не е јасно дали предложениот нов режим би функционирал кај децата.
За ова СЗО има посебна препорачана постапка при миењето на раце со вода којашто трае, отприлика, колку две последувателни пеења на “Хепи бртдеј”, односно, ние би додале, три последувателни пеења на “Еци-пеци-пец”.