Рубрика: Омнибус
Резервирајте го вашиот печатен примерок од ЕМИТЕР
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 11.04.2019 - 18:00

Новиот број на ЕМИТЕР наскоро ќе излезе од печат, па затоа, љубители на печатеното издание, навреме резервирајте го својот примерок.

Новите состојби и времиња бараа трансформација на списанието ЕМИ­ТЕР во пог­лед на организација на работата, но и на на­чинот на издавање. Претходните 3 години ЕМИ­ТЕР излегуваше исклу­чи­во во електрон­ска форма, но по повеќе упорни барања на читателите до редакцијата, решивме да излеземе во пресрет со печатено издание на списанието. Така, веќе од минатиот број, ЕМИТЕР можеше да се набави во печатена форма – 100 страници квалитетен печат. Но за разлика од претходно, печатеното спи­сание не се дистри­бу­ира по тра­фи­ките, туку привилегијата на печатена хард копија во вашите раце ја имате само по пат на годишна претплата. Ова овозможува редак­цијата точно да го ­пла­нира печатениот тираж на списа­ни­ето. Со тоа ќе се елиминираат дел од трошо­ците кои во последните го­дини имаа значаен удел во загубите и во зас­тојот на ЕМИТЕР, така што списа­нието ќе добие провеќе простор за пона­тамошен развој и опстојување.

Претплатата на печатеното списа­ние на ЕМИТЕР во моментов опфаќа вкупно 4 броја годишно, со оглед на тоа што спи­са­нието засега излегува квар­тално, односно еден број на секои 3 месеци. Цената на еден печа­тен примерок (со најмалку 100 страници) изнесува 200 де­нари, што значи дека прет­плата за цела година чини 800 де­нари. Сите заинтере­сирани чи­та­тели за пе­чатеното издание можат да ги резер­вираат сво­ите при­ме­­роци од следните 4 броја на ЕМИТЕР преку уплата за годиш­на прет­плата во нашата е-про­давница (тука). Побрзајте бидејќи новиот број наскоро ќе излезе од печат.

Истовремено нудиме можност за на­бавка на печатено издание и од прет­ходните броеви кои излегоа само како електронски изданија. Резервација на печатени изданија од овие броеви на ЕМИ­ТЕР ќе може да се направи пов­торно преку нашата е-продавница (тука, тука и тука). По оваа тура на печатење на претходните електронски броеви нема да има ново допечатување, па затоа, љубители на печатениот ЕМИТЕР, побрзајте со своите резервации.

Се надеваме дека овој начин на дос­тапност на печатеното издание (само за претплатници, спонзори и за сора­бот­ници) ќе наиде на разбирање и прием од ваша страна, дека во наредните години ќе про­должите да се дружите со ЕМИТЕР и на тој начин да ја поддржувате нашата мисија на популаризирање и ширење на научната мисла и техничката култура во нашава држава. Побрзајте и резервирајте ги след­ните 4 броја на ЕМИТЕР (+2 стари броја гратис), преку уплата за годишна претплата на печат­еното из­дание (или станете спонзор или редовен соработник на Емитер :-)).

Доколку, пак, сте љубител на елект­ронското издание, имате можност за го­диш­на претплата на електронското изда­ние по цена од само 400 денари годишно, како најекономична опција. И конеч­но, најдоброто од двата света (Гу­тенберг & интернет) ќе го добиете со комбинирана претплата на печатеното и електронското издание. Посетете ја стра­ницата за Прет­плата на нашата е-продавница (тука) и напра­вете го својот избор.

Клучни зборови: