Порастот на глобалните температури му донесе на Гренланд англиска клима – дoждовите стануваат сè почеста појава, топејќи го мразот и потпомагајќи го процесто на неговото топење во иднина. Вака барем велат наодите од трудот објавен во The Cryosphere минатата недела. Како што укажуваат истражувачите , дождовните капки го рошават мразот, дури и во зима, а со зголемувањето на глобалните температури, овие делови со ‘оштетен’ мраз ќе стануваат сè поголеми.
Секоја година климатската промена на Гренланд му одзема по 270 милијарди тони мраз од огромната ледена прекривка, чија плоштина изнесува 1,7 милиони km2. Топењето на мразот, во периодот од 1992 до 2011 година, придонело за покачувањетo на нивото на светските мориња за околу 7,5 mm. Речиси половина од мразот во овој период се губи на работ од ледената прекривка, во вид на лавини од големи парчиња мраз кои се струполуваат од глечерите во морето. Но, новите набљудувања откриваат дека во последниве години, придонесот на Гренланд кон зголемувањето на нивото на светските мориња, во најголем дел потекнува од водата на веќе стопени делови од ледот, а не како санти мраз. Дури 70%! Оваа промена, што првпат се појавува во 2011 година, двојно го зголеми придонесот на Гренланд кон процесот на зголемување на нивото на светските мориња. А затоплувањето дополнително го забрза овој процес. Во последните триесетина години, просечната температура на воздухот над ледената покривка се зголемила од 1,8ºC лете до 3ºC во зимо.
За подобро да ги разберат причините што стојат зад ова забрзано топење, климатолозите ги ‘прочешлале’ сателитските податоци од последните 30 години, за да ги лоцираат точките на т.н. “настани на топење”, кога количината течна вода на ледената покривка нагло се зголемила. За да ги детектираат овие настани, сателитите се послужиле со една карактеристика специфична за водата, да го апсорбира и да го емитува микробрановито зрачење од Сонцето. Имено, водата емитува 100 пати поголемо микробраново зрачење од снегот, што овозможило сателитите да ги забележат дури и малите промени. Со споредба на сателитските податоци и на извештајите за временските услови, тимот можел да утврди дали настаните на топење биле предизвикани од дожот или од други причинители. За периодот од 1979 до 2012 година истражувачите препознале дури 313 настани на топење коишто биле предизвикани од дождот. Како што забележувааат истражувачите во нивниот труд објавен во The Cryosphere, за време на истражувањето, топењето предизвикано од дождот се удвоило во летниот период, додека во зимскиот се утростручило.
Планетарните климатските шеми по коишто влагата пристигнува на Гренланд не се нови, но поради гобалното зголемувањето на температуврата повеќето од оваа влага паѓа во вид на дожд, наместо како снег. Влијанието на дождовите на ледената покривка оди подалеку од моментот на ударот на капката, вели коавторот на трудот Марко Тедеско од Универзитетот Колумбија. Дождовите на Гренланд типично ги носат од југ топлите ветрови исполнети со влага. Овие облаци се задржуваат врз островот, заробувајќи го под нив топлиот воздух што ги донел, со што предизвикуваат засилено топење на мразот со денови откако дождовите ќе престанат.
Зимскиот дожд може да има уште поголеми последици. Иако стопениот мраз зиме може многу брзо да замрзне, овој смрзнат слој што се формира врз снегот апсорбира поголема количина Сончево зрачење во споредба со снегот. По децении исполенти со чести зимски дождови, ледената покривка содржи премногу вакви слоеви што го забрзуваат топењето во летниот период. Површинското топење предизвикано од дождот можеби го забрзува и текот на глечерите, дополнително зголемувајќи ја количината на вода што завршува во океанот. Ако оваа претпоставка се покаже како точна, ова ќе значи уште побрзо губење на ледената покривка.
Со топењето на целиот мраз на Гренланд, нивото на светските мориња би се покачило за зашеметувачки 7 метри! Но, целосното разбирање на механизмите на топење на мразот и одредувањето на брзината со којашто тој се топи бара дополнителна работа.