Рубрика: Астрономија и астронаутика
Воведен курс по астрономија – XXII издание
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 11.03.2019 - 13:30

Со почеток од 12-ти март 2019 година, Скопско Астрономско Друштво го организира редовниот Воведен курс по астрономија. Предавањата се одлична можност да се запознаете со работата на друштвото и, доколку сакате, да им се придружите како членови.

Курсот се одржува по 22. пат во 20-годишното постоење на друштвото. Целта е посетителите да се запознаат со основните поими и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни предзнаења од оваа наука. Астрономските термини и објекти ќе бидат претставени преку секојдневни примери, многу слики, анимации, неколку важни равенки и секако, набљудувања со телескопи.
Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно – вторник и четврток, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) со почеток од 20:00 часот.
Предвидени се 10 термини, меѓу кои и посета на Планетариумот при Младинскиот Културен Центар во Скопје и теренско набљудување на ноќното небо. Предавањата ќе завршат на 11.04.2019, по што следи незадолжителен тест, а потоа и доделување на дипломи за учесниците.

Повеќе информации може да се прочитаат на www.astronomija.mk или на Фејсбук страната на друштвото.

Клучни зборови: