Се чини дека Месечината и не е толку осамена во орбитата на Земјата и не, не мислам на астероидот за којшто во 2017 беше потврдено дека е во орбита со нашата планета. По половина век долга дебата, унгарските астрономи конечно пресекоа и го потврдија присуството на уште две месечини, составени во целост од прав, што се наоѓаат во орбита околу Земјата.
Фактите за нивното откритие се опишани во Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, каде подетално може да се прочита за нивниот успех при фотографирањето на мистериозните облаци на оддалеченост од околу 300 000 километри, што е приближно истото растојание од нас до Месечината.
На присуството на други природни сателити на Земјата беше укажано многу поодамна, на оваа тема во астрономските кругови се дебатираше со генерации. Но, дури во 1961 година Казимир Корилевски за првпат ги забележал правливите облаци што потоа ќе го добијат неговото име.
Според најновите откритија, Облакот Кордилевски е широк околу 15 x 10 степени, што значи дека на ноќното небо зафаќа површина еднаква на 30 x 10 месечеви дискови Ова е е деветпати поширока површина од онаа што ја зафаќа нашата сопствена планета. Облаците се огромни, но одделните честички од коишто се составени, сами по себе се неверојатно мали, – се проценува дека имааат пречник од едвај еден микрометар. Одбивањето на сончевите зраци од нив им дава многу слаб сјај, налик на пирамидестиот сјај којшто го гледаме како зодијачка светлина и којшто е резултат од правот расфрлан помеѓу орбитите на планетите. Сепак, овие сателитски облаци останале скриени во мракот на вселената од едноставна причина што биле премногу бледи за да бидат забележани и набљудувани, сè досега.
Во длабоката вселена постојат неколку точки коишто овозможуваат стабилна орбита. Точките се познати како лагранжови точки и во нив гравитациските влијанија двата орбитални објекти, како Сонцето и Земјата, се изедначуваат со центрипеталната сила на нивните орбити.
Во педесетитите години од минатиот век Кордилевски прв пребарал две од овие точки, L4 и L5, надевајќи се дека во нив ќе открие месечини со цврста маса. Но, наместо тоа ги забележал контурите на облакот од прав што орбитира околу Земјата.
Сончевиот систем, сам по себе, е доста правливо место. Честичките прав што го исполнуваат меѓупланетарниот простор може да се забележат во темнината при добри услови за набљудување на ноќното небо. Облаците Кордилевски немаат стабилен овлик како другите структури од прав кои лесно се забележуваат во длабоката вселена. Честичките прав постојано се размрдуваат, под дејство на кометите и астероидите коишто прошишуваат покрај нас, а и се надопо, ниваат при повторливите годишни настани како што се, на пример, метеорските дождови. На овој начин, облаците иако се прастари, и најверојатно се наоѓаат во орбита околу Земјата уште од формирањето на Сончевиот систем, честичките од коишто се составени облаците во голем дел не ја делат истата старост.
Облаците може да се покажат проблематични при планирањето на идните мисии во вселената. Имено, некои вселески мисии, како на пример вселенскиот телескот Џејмс Веб, е планирано да бидат “паркирани” токму во лагранжовите точки. Вселенските агенции, исто така, планираат да ги користат овие точки како станици за трансфер при меѓупланетарните мисии кон Марс.
Од унгарскиот истражувачки тим велат дека е можно во орбита околу Земјата да има и повеќе вакви облаци што чекаат да бидат откриени во соседните лагранжови точки.